Изутринава се разбудив со б олка во грло: го направив чајот со црно семе и не се покајав! Сабајлево се разбудив со б олка во грлото и секако, прво одлучив да пробам да ја cмиpaм б олката со природен лек, наместо веднаш да посегнам по аптекарските бонбони за б олно грло.




Неодамна наидов на овој рецепт па одлучив да го пробам, и не се покајав! Чајот е многу вкусен, особено ако му додадете 2-3 капки ванила! Потребни состојки: 1 шолја вода, 1 чајна лажичка црн ким, 1 лажичка мед, 2-3 капки екстракт ванила, малку млеко или крем за кафе.




Постапка: Една чајна лажичка црн ким сомелете ја крупно или истините ја во аван, колку да се раз-бијат семчињата и да го пуштат маслото, па прелијте со врела вода. Оставете да отстои 8-10 минути, па процедете.




Додајте лажица мед, 2-3 капки ванила и малку млеко. Пијте го топло. Оние што го пробале маслото од црно семе можеби ќе си помислат дека и ова има интензивен мирис и вкус – но нема. Многу е пријатно и вкусно за пиење.




А да не го заборавиме и следниов лек, кој ни е многу добро познат на сите-доколку ги немате состојките за првиот напиток. Ќе ви бидат потребни следниве состојки: лимон, мед и ѓумбир во количина која ја одредувате вие во зависност колку ќе правите од лекот.




Постапка: Ако лимонот е органски, измијте го добро и исечете го на тркалца. Ѓумбирот измијте го, излупете го и ситно исечкајте го. Во една тегла редете: ред лимон – мед – ред ѓумбир – мед и се така до крај.




По правило, теглата треба да отстои еден месец во фрижидер за да може смесата да стане желатинозна, но во итни случаи започнете со конcyмација веднаш. Смесата се раствора со малку млака вода. Дневна д оза за возрасни: 2-3 лажици рамномерно распоредени. За деца: 2 лажички во текот на денот, рамномeрно распоредени.




Истовремено може да го пиете и следниов чај: ЧАЈ ОД БЕЛ СЛЕЗ И СЛАДОК КОРЕН. Потребни состојки: 2 лажици корен од бел слез, 1 лажица сладок корен, 2 лажици свежо исцеден сок од лимон, 2 лажици сиров мед, 3 чаши филтрирана вода.

корен од бел слез




Постапка: Коренот од бел слез ставете го во тегла и прелијте го со една чаша топла, филтрирана вода. Поклопете и оставете во фрижидер најмалку 4 часа или цела ноќ. Во тенџере ставете го слаткиот корен и прелијте го со 2 чаши вода.




Откако ќе зоврие намалете го огнот и на тивко варете уште 10-тина минути под капак. Процедете во тегла и затворете со капак. Кога малку ќе подизлади, додајте мед, сок од лимон и инфузијата од бел слез.




Овој здрав напиток во фрижидер може да трае и до 6 дена. Пред конcyмација секогаш загрејте го и пијте го топол. Примена: возрасни може да испијат и до 3 чаши дневно, а деца постари од 3 години ¾ чаша, двапати дневно.