За овој рецепт потребни ви се само 5 минути за да ги измешате состојките. Она што е поразлично за подготовка на оваа пита е тоа што само редите и премачкувате од филот. Еднаш ќе го прочитате рецептот, а после нема да треба да го барате бидејќи е прелесен за памтење.

Потребни состојки: готови кори за пита, 1 средна главица црвен кромид, 500 г мелено месо по избор, 3 средни компири, зачини по вкус сол, вегета, црн пипер. За прелив: 3 јајца, 100 мл масло, 1 цврст јогурт, 200 мл минерална вода, 1 лажичка сол.

Постапка: Кромидот ситно се сечка и се пржи кратко на малку масло. Додајте млеко во кромидот, потоа месото, солта, зачинете со црн пипер по вкус и продолжете да крчкате уште неколку минути.

Додека месото се крчка, излупете ги компирите и изрендајте ги на покрупно ренде. Измешајте ги компирите со месото и кромидот, ако треба повеќе зачинете. Оставете малку да се излади.

Во плех со димензии 35 × 25 см премачкајте со малку масло и ставете ја кората што сте ја преклопиле на половина. Таа кора повторно премачкајте ја со малку масло и ставете уште една кора, повторно преклопена.

На таа втора кора премачкајте малку од филот и ставете нова кора, па повторно филот и така додека да се потроши. Не ставајте по многу фил на една кора туку по малку, но на различни страни распоредете при филување. Последните две кори нека бидат без фил како што почнавте на почетокот.

Сега пресечете ја питата во саканата големина и прелијте го со подготвеното преливче кое може да прочитате како се подготвува подолу. Малку раширете го ножот таму каде што сте пресекле за питата подобро да го впие преливот.

Подготовка на преливот: Измешајте ги јајцата, додајте масло, јогурт, минерална вода и сол. Оставете 30 минути за корите убаво да се натопат и потоа се става на печење. Се пече во претходно загреана рерна на 180 степени додека убаво да порумени. Послужување: Испечената пита оставете ја да отстои околу 15 минути и послужете со салата по избор.

Лења пита со мелено месо, вкусно јадење кое брзо се приготвува – мешаш и печеш
Фото и рецепт: Beti Josi (Klara boss). Брзо и многу вкусно јадење, за мерак, прсти да излижеш. Питата е за чиста десетка!

Потребни состојки: 4 јајца, 1 чаша јогурт (од 180 мл), 1 шолја масло (од 120 мл), 4 шолји брашно (од 120 мл), 1 прашок за печиво, 1 лажиче сол.

ЗА ФИЛ: 1 главица кромид, 300 г мелено месо, сол, мешан сув зачин, оригано, црн пипер. ЗА ПРЕЛИВ: 2 јајца, 1 чаша кисела павлака (од 180 мл). Постапка:  Во тавче на малку масло запржете го ситно сечканиот кромид и меленото месо. Додајте ги зачините, посолете, промешајте и тргнете го од оган.

Потоа, убаво изматете ги јајцата, па постепено матејќи додавајте го јогуртот, па маслото. На крај додајте го брашното претходно измешано со прашокот за печивото и солта. Смесата излејте ја во плех со димензии 20х30 см. Израмнете и врз неа распоредете го филот од мелено месо.

Настрана во помал сад изматете ги јајцата и киселата павлака. Посолете и прелијте ја питата. Печете во загреана рерна на 200 степени околу половина час (приближно, сами оценете кога е печено).

Забелешка: Питата од фотографијата поради брзање, по грешка е правена со чаша од 140 мл за сите состојки, затоа изгледа повисока. Иако овде, во овој случај, оскудува количеството на јогурт, се покажа пред гостите како многу убава (сечена уште топла и таква сервирана) по состав-дури помислија дека е правена со пченкарно брашно (така на вкус изгледаше тестото), но дадоа една маана-да беше пониска.

Потоа увидов на мерките дека сум згрешила. Останува на вас да се држите по наведените мерки, или ако се одлучите како мене да мерите сè во иста доза, да го направите тоа со најмалата мерка или пак да го зголемите количеството на филот и преливот и да печeте во поголем плех.