Сабајлево се разбудив со болка во грлото и секако, како и сите Балканци одлучив да пробам да се излечам со чај.

Лековитите својства на црниот ким (црно семе, Nigella Sativa) на сите ви се добро познати, па нема да ги спомнувам. За оваа билка доволно говори фразата „Се’ лекува освен смртта“, па јасно ви е се’.

Неодамна наидов на овој рецепт па одлучив да го пробам, и не се покајав! Чајот е многу вкусен, особено ако му додадете 2-3 капки ванила!

Потребни состојки:

1 шолја вода

1 чајна лажичка црн ким

1 лажичка мед

2-3 капки екстракт ванила

Малку млеко или крем за кафе

Постапка:

Една чајна лажичка црн ким истолчете на грубо, колку да се разбијат семчињата и да го пуштат маслото, па прелијте со врела вода. Оставете да отстои 8-10 минути, па процедете.

Додадете лажица мед, 2-3 капки ванила и малку млеко.

Пијте го топло.

Оние што го пробале маслото од црно семе можеби ќе си помислат дека и ова има интензивен мирис и вкус – но нема. Многу е пријатно и вкусно за пиење.