Нашето срце е контролирано од многу импресивен систем. Нормалното отчукување на срцето е од 60 до 100 у дари во минута. Овие бројки може да се нарушат поради некоја причина и да настанат абнормалности во отчукувањето на срцето, што со еден збор се нарекува аритмија.

Иако аритмијата кај повеќето луѓе не е опасна и не бара конкретна терапија, здравјето по низа предупредувања, доколку не се стори ништо, може сериозно да се загрози.

Природниот третман на аритмија, со своите уникатни методи, може да ја подобри состојбата на пациентот или да дејствува како превенција во одржувањето на правилен ритам на срцевиот мускул. Во зависност од проблемот, овој метод на третман првенствено го менува вашиот животен стил, а исто така вклучува употреба на бројни ефикасни лековити билки.

Со нормалното функционирање на кардиоваскуларниот систем, срцето повремено може да прескокне едно или две отчукувања, но потоа да се врати во нормален ритам. Со срцева аритмија, самото чукање на срцето не може да се нормализира, што може да резултира со фатален срцев у дар.

Главните причини за ваквото прескокнување на срцевиот ритам се прекумерна ментална работа, прекумерна физичка активност и закрепнување на организмот по тешки болести.

Многу медицински состојби и болести можат да доведат до аритмии, вклучително и промени во структурата на срцето, блокирани артерии во срцето, висок кр-вен притисок, дијабетес, нарушувања на тироидната жлезда, стрес, употреба на лекови, пушење, прекумерна консумација на кафе и ал-ко-хол, одредени додатоци во исхраната како и некои билни или аптекарски лекови.

Повеќето луѓе не се ни свесни дека имаат проблеми со аритмија, поврзувајќи ги нејзините симптоми главно со хроничен замор. Откога ќе се појават посериозни компликации, излегува дека проблемот е неправилно чукање на срцето, аритмија.

Покрај тоа што пациентот забележува дека нешто не е во ред со ритамот на срцето, може да се појават и знаци како лесна главоболка, болка во градите, можна вртоглавица и несвестица, отежнато дишење или ладна пот.

Природни лекови за третман на аритмија

Глог како природен лек за аритмија

Глогот е еден од најбезбедните и најефикасните билки кога станува збор за лекување на болести на кардиоваскуларниот систем, а тоа важи и за проблеми со аритмија. Медицински делови од глог се темно црвените бобинки, малите бели цветови и лисјата.

Глогот го зајакнува срцевиот мускул и го подобрува протокот на хранливи материи и кислород низ кр-вотокот на секој дел од телото. Исто така, глогот ги шири артериите што носат к-рв до срцето, така што ги прима и потребните хранливи материи за нормална работа.

Терапијата со глог треба да трае најмалку три месеци за да се почувствуваат ефектите. Потребни состојки: 1 кг црвени бобинки глог, вода. Постапка: Црвените бобинки потопете ги во вода, а после половина час процедете ја водата и изблендирајте го сокот.

По блендирањето, повторно додајте малку вода во нив и оставете да отстојат 24 часа на собна температура. Следниот ден сварете го сокот до вриење, ставете го оганот на најниска температура и гответе уште 30 минути.

Процедете ја течноста, складирајте ја во шишиња и чувајте ја во фрижидер. Рокот на овој сок е повеќе од 3 месеци, така што ќе ви биде доволен за време на терапијата. Консумирајте 6-12 лажици дневно разредени со вода.

Ангеликата ги елиминира симптомите кои ја придружуваат аритмијата

Билката е позната и како ангелов корен, а своето име го добила во средниот век кога се користела за лекување на заразни болести како што се ко-лерата и чу-мата. Ова лековито растение содржи дури 14 соединенија кои брзо ги ублажуваат сите симптоми кои ја придружуваат аритмијата.

Ангеликата третира и други кардиоваскуларни заболувања и нарушувања како што се ангина пекторис. Успешно го намалува високиот кр-вен притисок, ја прочистува кр-вта и ја подобрува циркулацијата додека исфрла токсини преку кожата на пациентот.

Коренот, лисјата и семето од ангелика се користат за третман при анемија. Едноставно свежите и добри измиени лисја ставете ги во блендер со свежо овошје и направете смути кое ќе го консумирате секое утро на празен стомак.

Коприва за лекување на аритмијата по природен пат

Копривата изобилува со витамини и минерали кои го штитат срцето, а исто така го регулира пумпањето к-рв и отчукувањата на срцето. Особено е нагласена високата концентрација на витамин Ц и железо, поради што се зголемува производството на црвени кр-вни клетки, а со тоа се олеснува и транспортот на други хранливи материи и кислород преку кр-вотокот.

Витаминот Ц ја забрзува апсорпцијата на железо, а железото е клучна компонента на хемоглобинот. Ефектот на релаксирачки кр-вни садови придонесува и за здрава циркулација. Флавоноидите во копривата, како што се кверцетинот и каемферолот, го намалуваат кр-вниот притисок и спречуваат развој на кардиоваскуларни заболувања.

Начин на подготовка: Ставете 2 лажички цвеќе од коприва во 200 мл врела вода. Поклопете го чајот и оставете да отстои 10 минути, а потоа процедете и консумирајте го трипати на ден.

Хмељ како лек за аритмија

Хмељот (Humulus Lupulus) е добро позната состојка во пивото, но се користи и при лекување на нарушувања на кардиоваскуларниот систем. Хмељот може да се користи за лекување на аритмии и подобрување на циркулацијата.

Цветовите од оваа билка се користат за лекување на абнормалниот срцев ритам. Ова растение е особено важно за аритмија предизвикана од стрес. Исто така ја намалува можноста за згрутчување на кр-вта.

Го зголемува нивото на добар холестерол и го намалува лошиот холестерол. Хмељот содржи бета-глукани, растворливи влакна кои исто така имаат корисен ефект врз срцето, но и кр-вните садови.

Начин на подготовка: Ставете една лажичка ситно сечкани лисја и цветови хмељ во 100 мл врела, зовриена вода. Поклопете го чајот, оставете го да отстои 10 минути, а потоа процедете го и пијте навечер по 1 чаша после вечерата.

Аспарагусот успешно го решава проблемот со аритмија

Се користи во исхраната како зеленчук, а многумина не се свесни колку е вреден аспарагусот како природен лек. Го штити срцето и кр-вните садови, а меѓу другото успешно го решава и проблемот со аритмија.

Може да се зема во неограничени количини, пред се поради неговата мала калорична вредност и отсуството на несакани ефекти врз телото на пациентот. Редовната употреба на аспарагус при третман и исхрана ќе ви помогне да се ослободите од штетните материи од кр-вотокот.

Аспарагусот ја прочистува кр-вта и овозможува непречен транспорт на хранливи материи и кислород до секое ткиво во телото. Сварете го аспарагусот и изедете го, а водата во која сте го готвеле испијте ја бидејќи таа е најлековитата вода која ќе ви помогне при лекувањето на аритмија.

Дополнителни методи за третман на аритмија

Масажа:  Понекогаш поради зголемен адреналин, се јавува напнатост во жлездите, кои го пренесуваат товарот на срцевиот мускул. Обично, овој феномен се јавува како последица на стрес, бидејќи жлездите лачат премногу хормони кои го иритираат срцето, па затоа почнува да работи брзо и да трепери.

Со цел да се врати функционирањето на жлездите во нормала и да се спречи притисокот врз срцевиот мускул, потребно е само да се стиснат дланките во тупаници и нежно да се масира долниот дел од грбот покрај ‘рбетот, од двете страни. Доволно е да го практикувате овој метод 2-3 минути секој ден.

Студени облоги: Кога ќе се појави напад на аритмија, лицето треба да легне на грб и да дише бавно преку носот. Потоа ставете ладна облога во областа на градната коска кон левиот бубрег и почекајте да се вратат нормалните ритми на срцето.

Превенција 

Грижете се за вашата исхрана. Јадете повеќе свежо овошје и зеленчук, храна што содржи омега – 3 масни киселини (риба, ореви) и храна богата со калциум (млеко и млечни производи). Избегнувајте масна храна и престанете да консумирате никотин, ал-ко-хол, кафе, црн чај, зелен чај и енергетски пијалаци.

Физичката активност е исто така важна. Вежбањето ќе го намали нивото на лош холестерол во кр-вта, ќе го регулира кр-вниот притисок и ќе го подобри здравјето на срцето и кр-вните садови во целост.

Препорачливо е да одвоите околу 30 минути на ден за било каква физичка активност, но внимавајте да не се заморувате премногу и да не ги надминувате сопствените граници. Избегнувајте стресни ситуации. Стресот може одеднаш да го подигне нивото на кр-вниот притисок и да ја зголеми склоноста кон формирање на згрутчување на кр-вта.

Опуштете се и размислувајте позитивно за да го регулирате здравјето на кардиоваскуларниот систем. Редовно проверувајте го кр-вниот притисок и нивото на холестерол во кр-вта. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска