Нутриционистите ги потврдија нивните сомневања, дека овој минерал двојно го забрзува согорувањето на масните наслаги. Во него се крие клучот за витка линија.

Неверојатно е како недостигот на некои елементи и минерали влијае врз работата на нашето тело. Доколку резултатите во слабеењето изостанат, можеби не внесувате доволна доза од овој минерал.

После спроведеното истражување, нутриционистите дојдоа до заклучок дека доволниот внес на калциум може да го забрза процесот на слабеење, двојно повеќе.

Во истражувањето учествувале две групи на жени, кои се придржувале на една иста диета. Диетата ја осмислиле искусни нутриционисти.

Единствената разлика била во тоа што, кај првата група испитаници им се давало дневна доза на калциум, а на другите не.

Во текот на 15 седмици жените од првата група кои земале доволна количина на калциум, изгубиле шест сувишни килограми, додека кај другата група бил забележан губиток на само еден килограм.

Врз основа на овој експеримент, експертите заклучиле дека недостигот на калциумот во организмот е основна препрека на патот до витката линија.

Лицата кои имаат дефицит на овој минерал, имаат честа потреба за храна. Кога телото не е снабдено со калциум, мозокот прима сигнал дека му е потребна храна.

Исто така, неговиот недостиг доведува до интензивно трупање на мастите, особено на стомакот, а се јавува и зголемен холестерол.

Храна богата со калциум: Соја, бадеми, портокали, амарант, спанаќ, кељ, брокула, сардини, смокви, млеко, јогурт, кефир, бамја и слично.