Веројатно сте слушнале за црниот ким, дека за него на Истокот велат: лекува сè освен смртта. Ова е еден популарен рецепт за народен лек кој ги чисти крвните садови на мозокот.

Овој проблем е релевантен за повеќето луѓе од различна старосна група (ова не важи само за старите лица).

Лекувањето и превенцијата може да се спроведе во било кое годишно време.

Потребни состојки:

1 морков со средна величина
1 помала главица кромид
1 лажица ореви или сусам
1 прстофат црн пипер во прав
1 лажица масло од црн ким
1 рака сечкан магдонос
лимон по желба
1 лажица маслиново масло

ВАЖНО: НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОДАВА СОЛ

Постапка:

Изрендајте го морковот, исечкајте го кромидот. Измеајте ги убаво, па додадете ги останатите состојки. Промешајте за да се изедначи.

Консумирање: Ова е доза за еден оброк дневно. Потребно е да се консумира најмалку 15 дена. Потоа можете да направите пауза од 5 до 7 дена. Можете да ја јадете оваа смеса и секој втор ден во текот на месец дена.

Предуслов за успешен резултат

Голем непријател на крвните садови е шеќерот. Би требало целосно да ја елиминирате, во смисла на додатоци, бел шеќер, слатки, торти, колачи, газирани пијалаци…

Важна улога играат моторичките активнисти. Не одбегнувајте физички напор, вежбајте, трчајте, пливајте…

Заштитете се од стресни ситуации. Холестеролот најмногу се создава при стрес.