Тајната се крие токму во овој витамин, тврди доктор Борислав Каменов.

Имунологот Борислав Каменов неодамна за N1 изјави дека витаминот Д е најважниот за заштита на организмот од kopoна вирусот, исто како и од сезонските вируси.

Тој истакна дека возрасните треба да внесуваат до 10.000 единици од овој витамин за да можат да се одбранат од болестите, додека таа бројка за помладите луѓе е 5.000.

Неспорна е делотворноста на витаминот Д и мислам дека токму тука лежи тајната зошто болеста е интензивирана во последно време. Затоа што додека беше убаво времето, додека имаше сонце, ние добивавме витамин Д и преку сонцето. Многумина најдоа замена, оние кои имаат ниски вредности од овој витамин.

Сега, кога повеќе го нема тој витамин, насочени сме кон субституција, а неа ја вршиме во многу мали дози. Знам многу пријатели кои пијат по 400 единици, најмногу 1000, и тие мислат дека тоа е доволно”, наведува Каменов и објаснува дека постојат препораки кои говорат дека младите луше треба да земаат и до 5000 единици, а возрасните 10.000 единици дневно.

Тој истакнува дека на заболените им се потребни енормно големи дози, како и дека граѓаните и натаму земаат премалку витамин Д.

Ние не го познаваме доволно овој вирус, но својот организам би требало да го знаеме подобро. Ако немаме доволно витамин Д, тогаш сме исклучително изложени на ризик од разболување. Не велам дека мерките не се важни, но за ова време не се доволни!”, објаснува Каменов.

Тој потсетува дека и претходно се препорачуваше витаминот Д и дека после тоа се намалил бројот на заболените, но предупредува дека со промена на времето ситуацијата се променила и дека е неопходно повторно да се започне со негова употреба.

Предупредува дека понекогаш се случувало, особено во САД, кога поедини пациенти претерувале со количините на овој витамин, па некои од нив консумирале по 80.000 единици.

Сето тоа може убаво да се следи за да не дојде до предозирање. Меѓутоа, мислам дека стравот од предозирање е непотребен. Имаше болни луѓе кои примаа и по 100.000 единици и после тоа стануваа на нозе веќе после третиот ден”, напоменува тој.

Д-р Каменов беше опоменат од некои лекари дека за земање на толкава количина витамин Д не постои стручен протокол, но тој им одговори со контрапрашање: “Уште колку луѓе треба да страдаат додека да се промени протоколот? Дотогаш може да поминат и 20 години!

Тој истакнува дека покрај витаминот Д е многу важна и состојбата на организмот, а особено состојбата на цревата, односно дигестивниот тракт. Доколку немаме избалансираност на микрофлората во цревата, тогаш го губиме и витаминот Д, нагласува тој.

Оние луѓе кај кои се случува често подување на стомакот и кои се трујат со млеко и други намирници, имаат голема количина на слуз и други токсини кои се натпреваруваат во потрошувачката на витаминот Д. А тој витамин во суштина го убива вирусот. И не само што го убива, туку и оневозможува жесток клеточен одговор”, нагласува Каменов.

“Студиите покажале дека оние кои имаат нормално ниво на витамин Д ретко заболуваат од koвид, а сите оние кои имаат низок витамин Д оболуваат и многу често страдаат”, заклучува Каменов.