Вака се прават прави домашни пекарски кифли – меки како памук

Прави домашни пекарски кифли! Пригответе си ги уште рано наутро, па освен за појадок, ќе си имате кифли и за ужина или вечера.

Потребни состојки:

1 кг брашно
1 сув или коцка свеж квасец
500 мл млако млеко
4 лажици шеќер
4 лажички сол
300 мл масло
2 јајца
1 белка

за премачкување:

Loading...

1 жолчка
3-4 лажички топла вода

Постапка:

Измешајте брашно, сол и шеќер. Додадете го сувиот квасец и убаво уште еднаш промешајте (ако користите свеж квасец, претходно растворете го во млако млеко со лажичка шеќер и оставете 10-тина минути да се активира).

Во садот со просеано брашно додадете го јајцата отстојани на собна температура, белката, маслото и на крајот топлото млеко, па замесете меко, мазно тесто.

Оставете го на топло место да стасува додека да се удвои. Работната површина малку набрашнете ја, истресете го стасаното тесто, малку премесете го, а потоа поделете го на 30 делови. Секое од парчињата тесто обликувајте ги во топче и редете ги на работната површина.

Земете едно топче и со оклагија развлечете го по должина, а потоа свиткајте во кифла. Обликуваните кифли редете ги во плех обложен со хартија за печење (спојката да лежи на дното). Оставете ги наредените кифли да одмораат додека се загрева рерната на 200 степени.

Жолчката разматете ја со малку топла вода или млеко, па премачкајте ги стасаните кифли, наросете ги со крупна сол или семе по желба и ставете ги да се печат во загреана рерна околу 12-15 минути или додека да заруменат.

Coolinarika.com

Loading...