Високиот крвен притисок е фактор ризик кој нема некои посебни симптоми, па затоа треба редовно да се контролира. Постојат намирници и природни средства кои превентивно ни помагаат да го држиме притисокот во граници на нормала.

ЛЕКОВИТО ОВОШЈЕ

Трипати дневно треба да се пие по една чаша свежо исцеден јаболков сок или сок од портокал или трипати дневно да се пие по две лажички јаболкова киселина разблажена во чаша вода.

СИРУП ОД ЛИМОН

Половина килограм органски лимон да се исечка и сомеле. Се додава 500 г шеќер и се остава 10 дена во стаклена тегла во фрижидер.

Секое утро, на гладно се консумира по една лажица од оваа мешавина.

ЛУК ВО ЗАШЕќЕРЕНА ВОДА

Две исчистени и изгмечени главици лук ставете ги во вода со зашеќерена вода (100 г шеќер). Од овој сируп се пие двапати дневно по една лажица.

СОК ОД ЛИМОН И ЛУК

Поголема главица лук исчистете и варете го 10 минути во половина литар вода. Кога ќе излади, додадете сок од 2-3 лимони и складијате во стаклено шише, во фрижидер. Наутро, на гладно се пие по мала ракиена чаша.

ЧАЈ ОД ХЕЉДА И ОВЕС

Измешајте добро 400 г хељда и 200 г овес. Во еден литар вода додадете 200 г од мешавината, па ставете на тивок оган. Штом зоврие тргнете го садот и поклопете го. После 15 минути процедете ја течноста и пијте ја во текот на денот наместо вода.

ЧАЈ ОД ГЛОГ

Пет грама иситнет плод од глог варете го 3 минути во 1 литар вода, процедете и пијте во текот на денот.

ЧАЈ ОД МАГДОНОС

Две лажици иситнет лист и корен од магдонос прелијте со 2 литри вода и варете 10 минути. Процедете и откако ќе излади пијте трипати дневно по лажичка од оваа течност.

ГРСТ БАДЕМИ

Со секојдневно консумирање на еден грст сирови бадеми може да направите значителна разлика во одржувањето на нивото на крвниот притисок.

ЛУТА ПИПЕРКА

Лутата пиперка е сигурно едно од најбрзите средства за намалување на крвниот притисок. Оваа намирница ги шири крвните садови и помага да се овозможи послободен проток на крвта. Растворете една или две чајни лажички лута мелена пиперка во прав во топла вода и додадете по малку мед и алое вера – ќе добиете моќен домашен лек против хипертензија.