Кршењето на таблетите на два или три дела може сериозно да го намали ефектот, бидејќи на тој начин пациентот може да внесе во организмот помала или поголема количина медикамент.

Ако сте добиле рецепт за некој лек, сигурно докторот ви рекол дека после одредено време не мора да ја зимате целата доза ако се чувствувате подобро. Ова понекогаш може да биде многу поздрав и поевтин начин на лекување, но постои опасност да дојде до несакани реакции.

Дозволено е да ги кршите апчињата, кои на својата половина имаат исцртана линија.

Не смеете да ги кршите таблетите за спиење. Доколку сакате да го намалите нивниот ефект, бидејќи кај овие и поедини други апчиња, здравите состојки „пливаат“ во самото апче, па со нејзиното кршење не добивате рамномерна количина од лекот кој би требало да помогне.

Иако некои апчиња е дозволено да се кршат, најдобро е секогаш да се консултирате со докторот или фармацевтот, особено ако имате работа со потешки медикаменти.

Никако не смеете да ги кршите:

-обложените апчиња

-гел капсулите

-таблети со продолжено пакување