Вашето тело со помош на овие вежби од само четири минути дневно, во текот на еден месец – драстично ќе се трансформира!

Тоа е совршена комбинација од вежби за слабеење кои од вас бараат ангажман од само 4 минути дневно! Оваа комбинација или сет од вежби се нарекува ТАБАТА и претставува тренинг од висок напон.

Меѓутоа, Табата е повеќе начин на вежбање отколку вид на вежба – како што некои ја нарекуваат.

За дваесет секунди интензивен тренинг со одмори од по 10 секунди, Табата е во состојба за 4 минути да ја согори секоја калорија која е вишок во вашето тело.

Доктор Изуми Табата е човек кој го осмислил овој тренинг според кој вежбаат и светски спортисти. Долги години овој начин на тренирање е тестиран за да се дојде до заклучок дека со помош на ваквиот начин на вежбање, најлесно ќе ги стопите вишокот килограми.

Што се однесува до вежбите, изборот е до вас: можете еден ден да правте склекови во комбинација со сквотови, вториот ден да правите стомачни во комбинација со трчање во место, со тоа што мора да го следите темпото од 20 секунди интензивно вежбање, а потоа 10 секунди одмор или лесен тренинг.

Табата тренингот ви гарантира:

-здраво слабеење

-дефинирање на мускулите на целото тело

-намалување на крвниот притисок

-ослободување од стрес

Овој тренинг е осмислен така да може да го практикуваат и аматери и професионални спортисти.

За вежбање во теретана, но и дома. Важно е само секој ден да вежбате по 4 минути според советите на доктор Табата.