Мајсторот за торти нè изненади со уште едно негово ремек дело, овојпат роденденска торта приготвена со многу љубов и внимание. Фотографија и рецепт на Драган Страшеноски

Потребни состојки: 5 јајца, 5 лажици шеќер, 3 лажици мелени ореви, 3 лажици мелени кекси – орео, 1 лажиче како, 3 лажици брашни + малку прашок за печиво, калап 35х35 см. Ова се состојки за една кора, потребни се три вакви кори.

За фил: 2 литри млеко, 400 мл вода, 400 г нишесте/густин, 6 жолчки (претходно одземени од јајцата), 500 г путер/маргарин, 500 г шеќер во прав, 1 кесичка сладолед од ванила во прав, 200 г црно чоколадо, 200 г бело чоколадо

За овошен дел: 100 мл вода, 5 лажици шеќер, ½ кесичка желатини 400 г замрзнати вишни

Постапка: од пет јајца одземаме 2 жолчки. Се матат пенасто со 5 лажици шеќер, па потоа се додаваат 3 лажици мелени ореви, 3 лажици мелено орео, 1 лажиче какао, 3 лажици брашно и малку пециво.

Печеме 10-12 минути на 180°C. Ова го повторуваме 3 пати за да добиеме 3 кори. Калапот што го користев беше квадрат 35/35 сантиметри.

За фил: 2 литри млеко, 400 милилитри вода ги ставаме да се загреат. 400 грама нишесте и 6 жолчки (претходно што ги тргнавме на страна). Ова се вари додека да згусне.

500 грама маргарин и 500 грама шеќер во прав и една ќеса сладолед во прав од ванила се матат со миксер. Изладениот крем нишесте се соединува со маргаринот и матиме додека добиеме мазна смеса.

Овој крем го делиме на 2 дела. Едниот го соединуваме со 200 грама црна чоколада. Другиот го соединуваме со 200 грама бела чоколада (растопени се разбира).

За овошен дел: 100 милилитри вода, 5 лажици шеќер и пола ќесиче желатин ставаме да зовријат. Додавме 400 грама замрзнати вишни и мешаме да се соединат.

Редење: кора, темен крем, парчиња вишна со малку сируп, бел крем, кора. Уште еднаш ја повторуваме постапката. Јас малку се заиграв на горниот спрат и ставав со лажиче темно-бело-вишна (се гледа на сликата). Завршуваме со декорација по желба.

Фотографија и рецепт на Драган Страшеноски