За сите љубители на лесните торти кои освежуваат, оваа ќе им биде број еден. Целата е мека како снегулка, а сепак убаво се сечат тенки парчиња. Комбинацијата од овошје, ванила и бело чоколадо никого досега не го оставиле рамнодушен. Постапката за приготвување е многу лесна, а еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за една кора, а потребни се три: 5 белки, 5 супени лажици шеќер, 1.5 супена лажица брашно, 3 супени лажици масло, 1 кесичка пудинг со вкус на ванила (40 г). Ова се состојките за една кора, а потребно е да испечете три вакви кори.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за фил: 15 жолчки, 10 полни супени лажици шеќер во прав, 250 г несолен путер или маргарин за колачи, 100 г бело чоколадо, 200 мл слатка павлака за шлга, 500 г свежи јагоди или некое друго бобесто овошје по желба (може и од компот, процедено), 3 кесички шлаг крем со вкус на ванила




ПОСТАПКА за приготвување на бисквитот: јајцата оставете ги еден час да отстојат на собна температура. Одвојте ги белките од жолчките во посебен сад. Жолчките покријте ги со фолија и оставете ги во фрижидер, а белките пенасто изматете ги со миксер.




Кога ќе запенат белките започнете постепено да го додавате шеќерот и продолжете со матење додека да добиете цврст снег кој не паѓа од садот кога ќе го превртите. Во тенок млаз додајте го маслото и матете уште малку додека да се инкорпорира.




Во снегот од белки додајте го прашокот од пудингот и брашното, па промешајте со лажица полека додека да се изедначи смесата и да остане пенлива. Истресете ја во тркалезен калап обложен со хартија за печење (пречник 26 см или поголем), израмнете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 175 степени, 15-20 минути. Испечете 3 кори.




ПОСТАПКА за приготвување на филот: пенасто изматете ги жолчките заедно со шеќерот, па кога ќе згуснат сварете ги на пареа: садот поставете го врз поголемо тенџере во кое „струи“ вода, па мешајте ги додека да добиете густ крем.




Додека смесата е сè уште врела додајте го чоколадото искршено на коцки, мешајте да се растопи и соедини, па оставете целосно да се олади до собна температура (покриено со проѕирна фолија или со повремено промешување за да не фати коричка).




Путерот исечкајте го на листови и оставете го да омекне на собна температура, па пенасто изматете го миксер. Лажица по лажица додавајте од оладениот крем и соединиете во нежен, свиленкаст крем. На крај додајте и 200 мл изматен шлаг од слатка павлака.




РЕДЕЊЕ: Првата кора поставете ја врз десертна чинија/тацна и преку цела површина премачкјате со половина од филот. Израмнете и наредете јагоди исечени на тркалца. наместо јагоди може да употребите ананас, банани, боровинки или комбинација од разновидно овошје.




Поставете ја втората кора и нанесете го остатокот од филот. Распоредете, израмнете и наредете втор слој сечкано овошје, па поклопете со третата кора. Целата торта украсете ја со шлаг крем од ванила и добро изладете ја пред послужување. Рецепт на Маријана / Сооlinarika.сom