ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г домашен мед, 200 г свеж корен од ѓумбир, 2 лимони, 6 чешниња домашен лук (да не е кинески). ПОСТАПКА: Излупете го лукот и ситно исечкајте го, изрендајте го или испасирајте го.

Од едниот лимон исцедете го сокот, а од вториот излупете ја лушпата, па ситно исечкајте го на коцки. Додајте го во садот заедно со лукот и лимоновиот сок. Ѓумбировиот корен излупете го, па изрендајте го.

Додајте го во садот со останатите намирници, и на крај додајте го медот. Промешајте за да се распоредат подеднакво сите состојки. Поклопете го садот и оставете го во фрижидер преку цела ноќ, а следниот ден распоредете го во стаклени теглички.

Ѓумбирот е богат со есенцијални масла, калиум, манган, бакар, магнезиум и витамин Б. За лимонот и медот веќе се познати лековитите својства. На сето тоа кога ќе се додаде и м оќниот лук, се добива навистина ефикасна смеса која претставува природен антибиотик.

УПОТРЕБА: Една лажица, двапати во денот. За сите оние кои од некои причини не можат да конcyмираат лук, можат да ја направат следната комбинација од мед, лимон и ѓумбир која се покажала како одличен елик-сир за зајакнување на имунитетот и заптита од вирози и грип:

NMD.mk

На сите им се познати корисните својства на лимонот, кој покрај витамин Ц содржи и органски киселини, го поддржува и јакне имунолошкиот систем и се препорачува кај настинки.

Меѓутоа, кога лимонот ќе се искомбинира со ѓумбир и со мед, доаѓа до повеќекратно зголемување на неговите својства како природен лек. Додавањето на ѓумбир во оваа комбинација придонесува за зголемување на стимулацијата за секреција на мукоза.

На тој начин се ублажува кашлицата и се олеснува б олката во грло. Ѓумбирот поседува антибактериски, антигабични и антикоагулантни својства, па поради тоа се користи како превенција од грип и настинка.

Исто така, се користи и кај алергија, а има и антивоспалителни својства. За корисните својства пак, за медот, сувишно е да се говори, бидејќи многупати сме пишувале за уникатните и лековитите својства за овој драгоцен пчелин производ.

АНТИВИPУCHА КОМБИНАЦИЈА ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ – РЕЦЕПТ: Потребни состојки: еден поголем непрскан лимон, 200 мл домашен квалитетен мед, еден свеж корен од ѓумбир со средна величина.

Постапка: Лимонот измијте го, ѓумбирот излупете го и исечкајте го на помали парчиња. Лимонот заедно со кората исечете го на парчиња и отстранете ги семките, а потоа заедно со ѓумбирот сомелете ги на машина или во блендер.

Во мешавината додајте го и медот, па убаво промешајте за да се изедначат состојките и да добиете хомогена смеса. Овој природен лек складирајте го во стаклена тегла која ќе ја затворете со добатр капак. Се чува во фрижидер.

УПОТРЕБА: Земајте по една лажица дневно на празен стомак секое утро, па на тој начин зајакнете го имунитетот и на тој начин ќе спречите појава на разни болести. Истиот рецепт можете да го приготвите и со додавање на лук, во количина по ваша желба.

смеса со ѓумбир / Зорка Јанчева

Деталите од постапката за приготвување на лековитата смеса можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.