Готу кола – Фонтана на младоста и чувар куќа на здравиот ум

Готу кола – чудотворна билка позната во светот по тоа што го спречува предвременото стареење и го подобрува целокупното здравје. Готу кола (Centella asiatica) припаѓа на фамилијата на штитоцветните скриеносеменици, група на ароматични растенија со шупливи стебла. Во Индија и Јужна Африка е позната како “билка на младоста”.

Готу колата содржи бројни хранливи состојки, вклучувајќи ги бета – каротенот и камфорот. Исто така, таа е извор на многу минерали како калциум, магнезиум, манган, фосфор, калиум, селен, цинк и витамини: Ц, Б1, Б2 и Б3.

Лековити својства

Готу колата има висока концентрација на гликозидни соединенија познати како сапонини кои се причината за нејзината лековитост.

Кога станува збор за готу колата, нејзините лековити својства варираат во широк опсег, односно таа може да се користи во лекувањето на кардиоваскуларни болести до психички растројства како анксиозност, на пример.

Историски, готу колата порано се користела во лекување на сифилис, хепатитис, чир на желудник, епилепсија, дијареа, грозница и астма. Оваа билка го стимулира централниот нервен систем, го намалува заморот и ја зголемува енергијата.

Антибактериско дејство

Готу колата веќе долго време се користи локално, орално или при инјектирање за лечење на лепра (Хансенова болест). Покрај своите големи способности, таа има и антибактериско дејство. Студиите покажале дека готу колата е толку моќна што може да ги уништи клеточните ѕидови на бактериите.

Готу колата го намалува високиот крвен притисок

Користењето на готу кола може да ви помогне да го намалите високиот крвен притисок и му помага на организмот да се ослободи од разните токсини. Оваа билка ја ослободува напнатоста во артериите и помага во одржување на крвниот прититок во нормални граници. Помага и во превенција од артериосклероза и срцев удар.

Прави детокс на организмот

Готу колата е позната како лесен диуретик кој го стимулира ослободувањето на вишокот токсини од организмот како соли и масти. Ова помага во ослободување на напнатоста во бубрезите и одржување баланс на течностите. Помага во намалување на отечените мемрани и ги ослободува вишокот на течности од организмот.

Го штити гастроинтестиналниот систем

Традиционалната медицина користи готу кола за лечење на силни болки во стомакот, кои сега се поврзуваат со чир на желудникот. Овој третман се смета за антиинфламаторен и антиоксидативен затоа што може да го подобри здравјето на цревата.

За проширени вени

Оваа билка има способност да ја подобри циркулацијата. Го подобрува протокот на крв, го зајакнува ѕидот на капиларите и вените, а воедно се користи и во лекување на реума, грчеви во нозете и трнење.

Против стареење

Готу колата го успорува процесот на стареење, го продолжува животниот век и дава сила и енергија на организмот. Денес оваа билка е еден од најчестите состојки во производите за нега на кожата, благодарение на својата моќна комбинација од аминокиселини, бета – каротен, масни киселини и фитохемикали.

Готу колата е богата со сапонини кои ја одржуваат кожата цврста и затегната, а исто така е одлична во борбата против слободните радикали. Го стимулира создавањето на колаген и е од клучно значење за одржување на еластичноста и младоликиот сјај на кожата. Готу колата против стареење може да се консумира како чај или да се внесе како додаток во исхраната. Таа се користи во лекувањето на акни и псоријаза, бидејќи содржи антиоксиданси кои ја зголемуваат циркулацијата.

Маска за лице од готу кола

Потребни состојки:

– 1 кафена лажичка чај од готу кола
– ½ кафена лажичка куркума во прав
– ½ кафена лажичка мед
– Малку млака вода

Постапка:

Измешајте ги овие состојки додека добиете хомогена смеса. Нанесете ја маската на лице и оставете да делува околу 20 минути. Потоа само исплакнете со ладна вода.

Други поволности кои ги нуди готу колата се:

– Помага во лекување на респираторни инфекции, но и настинки
– Го поттикнува апетитот
– Го јакне срцето и кардиоваскуларниот систем
– Го зајакнува црниот дроб
– Го забрзува процесот на зараснување на рана
– Ги зголемува когнитивните способности
– Го смирува нервниот систем
– Го поттикнува растот на косата
– Ги намалува стриите
– Ја подобрува концентрацијата и меморијата
– Лекува несоница

*Лековитите препарати од билката се купуваат од аптека.

Текстот за НМД.мк го подготви Мартина Христовска.

Loading...