Зошто некои луѓе работат, а други максимално ги одбегнуваат сите обврски? Зошто вистинските шанси им се случуваат само на поедини луѓе, додека други мака мачат за да се вклопат…

Нашиот мозок го контролираат хормони. Односно, мозокот донесува, или не донесува одлуки благодарение на поедини хормони. Овие хормони имаат многу различни ефекти врз нашето однесување и носење одлуки.

Кои хормони влијаат врз нас и колку долго живеат во нашата глава?

-допамин
-окситоцин
-серотонин
-ендорфин
-кортизол

Во внатрешноста на мозкот всушност постојат три мозоци:

-човеков мозок – постојано мремислување, комбинирање
-мозок на цицачи – чувства, добри и лоши
-мозок на влекачи, најстариот мозок (инстинкт за преживување).

На пример, се смета дека:

-Змиите не мислат, тие само реагираат, се движат, се размножуваат и речиси не чувствуваат болка.
-Кучињата чувствуваат желба, знаат да сакаат и како да сакаат, чувствуваат болка, разочарување.
-Луѓето имаат логика, можат да пресметуваат и читаат, говорат и одржуваат рамнотежа, мислат…

95% од сите одлуки се случуваат во “мозокот на влекачите” или во лумбалниот мозок.

На луѓето им се обраќаме со својот “човеков мозок” кој нè спречува да се промениме, односно, тој си мисли дека на таков начин нè заштитува, па колку повеќе имате ваков мозок, толку повеќе имате искуство.

Кои настани или ситуации ги активираат овие хормони?

Тригер за допамин – ситуации во кои се чувствуваме пријатно, но и очекување на некој позитивен настан. Во нашиот мозок има дејство на траење од околу 2 минути.

Тригер за окситоцин – Чувство на сигурност, зедништво, љубов, пораѓај… трае 6 минути во нашиот мозок, а потоа мора да повторите сè отпочеток, односно да се потсетите. Пример за ова се пушачите кои не се навлечени на никотинот, туку на окситоцинот. Односно, не се зависни од никотинот, туку од социјалното опкружување, разговорот, паузата, допирот…

Тригер за серотонин – супериорност, подобрување на статусот, победа, препознавање и признание. Цели 24 часа живее во вашиот мозок!

Ендорфинот го активира сознанието дека сте живи и дека постоите, задоволството од себеприсутноста трае околу 4 часа.

Тригер за кортизол – одвојување од мама и тато; неверство или развод; губиток на работа – отказ; чувство на страв и несигурност; губиток, штета…

Како делува кортизолот врз нас? Благодарение на овој хормон (колку и да делува штетно понекогаш и многумина го сметаат за отров), ние сме опстојале: “не оди таму ќе те укаса куче” или “Не влегувај таму, ќе паднеш во дупка”, “Не трчај толку брзо” итн… Благодарение на кортизолот сме преживеале како вид. Мозокот е зависен од кортизол и неопходен му е.

Кортизолот живее во нас три години и го чува нашиот мозок. Благодарение на овој хормон ние не си веруваме себеси. Тој нè учи дека не можеме да си веруваме до толку, бидејќи сме паднале, сме добиле отказ, не сме успеале да се запишеме на факултет…”

Мозокот учи и добро и лошо. Некои научуваат дека не можат, а други научуваат да одат, да станат, да работат…

Ако секојдневно на телевизија гледате само лоши вести, вашиот мозок ќе ве научи дека сте беспомошни. Но, сепак, возможно е да се натера мозокот да размислува и поинаку: а тоа се постигнува така што ќе направите повеќе одлуки, ќе работите повеќе и ќе се наградите себеси.

Доколку сакате нешто да промените во својот ивот, измамете го својот мозок. Вклучете го оној “човечки мозок” и размислувајте со оној на влекачите. На овој начин вие можете да го промените својот живот и да ви тргнат работите кон подобро!