Трпел болки, но немал алергиска грозница последниве три години. Горан Павловиќ од околината на Тузла стана популарен на социјалните мрежи откако го сподели своето неверојатно искуство.

Имено, тој на еден многу необичен начин успеал да се излекува од алергијата така што кожата ја журкал со коприва.

Тврди дека воопшто не се разболел последниве три години, благодарение на тоа што овој болен третман го практикувал еднаш неделно.

Само оние кои патат од алергиски ринитис проследен со силна грозница (па поради тоа се нарекува и пелудна грозница) знаат колку е комплицирано и дека речиси ништо не помага кога ќе се разболите.

Сепак, луѓето се склони да пробаат сè само за да се ослободат од течењето на носот, кивањето, јадежот на кожата и слузокожата, печењето на очите.

Така и Горан Павловиќ си ја журка кожата со коприва, но за големо изненадување на многумина, неговиот метод успева. Не се разболел веќе три години, а на својот фејсбук профил го напишал своето искиство.

-Целиот свој живот патев од алергиски ринитис. Речиси секое лето имав напади на гушење – ја започнува својата приказна павловиќ и додава дека пред три години сретнал некој старец кој му кажал за копривата. Жена му не поверувала отпочеток и мислела дека станува збор за некој шарлатан.

-Ми кажа, штом ќе започне пролетта и штом се појави првата млада коприва, да наберам неколку гранки и да се тријам со нив по целото тело – објаснува Павловиќ.

Тој вели дека ова го практикувал еднаш седмично до средината на есента.

-Кога имунолошкиот систем ќе се засити од копривата, тогаш поленот веќе нема никакво влијание врз него – вели господинот Павловиќ и објаснува дека веднаш по сознанието за оваа можност, на “голема жалост” на неговата сопруга, тој сепак започнал со терапијата.

-Ова е мојата рака во жбун од коприва. И да, еве делува. Не сум се разболел претходните три години – потврдува Павловиќ, но додава дека не одговара за последиците ако некому на здравствен план нешто му се искомплицира.

Вели дека само сакал да го сподели потенцијалниот начин за лекување на напорниот алергиски ринитис.

Иако можеби на прв поглед овој метод навистина звучи необично, сепак, има и научна поткрепа за теоријата со копривата. Имено, проучувањата откриле дека копривата го намалува нивото на хистаминот во организмот кој предизвикува алергија.

Исто така, помага и консумацијата на копривата, со што се намалуваат симптомите на алергија. Па така, чајот од коприва секогаш се препорачува за чистење на крвта, не само при алергиски тегоби, туку и при други разни здравствени состојби.