Многу брз и лесен рецепт, а колачот има неодолив вкус. Готов е за само 10 минути, а постапката е прелесна: само ги мешате состојките и оставете да излади.

Потребни состојки:

470 г петит кекси (1 пакување)
100 г сечкани ореви
250 мл млеко
120 г шеќер
4 лажици какао
120 г путер
1 ванилин шеќер

за глазура:

150 г чоколадо
малку сечкани ореви

Постапка:

Во еден поголем сад искршете ги кексите на средни и мали парчиња со помош на раце. Во тенџере ставете ги путерот, млекото, шеќер и ванилин шеќер.

Промешајте и додадете 4 лажици какао. Ставете на умерен оган смесата да се растопи и изедначи. Внимавајте да не ви преврие, треба да биде топла, но не врела.

Во кршените бискивити додадете ги сечканите ореви и промешајте. Прелијте со топлата смеса и промешајте за да се изедначат состојките.

Долгнавест калап за леб (или ролат) обложете го со хартија или фолија и излјте ја смесата. Рамномерно распоредете и притиснете со лажицата за да се пополнат празнините.

Вака приготвениот колач ставете го во фрижидер за длабоко замрзнување, убаво да излади. За тоа време пригответе ја глазурата. После еден час во замрзнувачот колачот е изладен и префрлете го врз чинија за сервирање.

Растопете го чоколадото и прелијте го врз колачот. Одозгора наросете сечкани ореви. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: