Го направив овој домашен спреј за чистење рерна: и си ветив дека никогаш веќе нема да купам никаква хемија!

Никогаш повеќе во животот нема да купам никакво средство за чистење, ви се колнам!

Со овие зборови една домаќинка ги воодушеви сите свои пријатели на Фејсбук, објавувајќи на својот профил еден рецепт за чистење на рерна, кој веднаш стана вирален, со неколку илјадници споделувања.

Потребни состојки:

¼ шолја детергент за садови
½ шолја лимонов сок
1 шолја алкохолна киселина
1 ¼ шолја вода

Постапка:

Сите овие состојки ставете ги во шише со распрскувач, нежно протресете за да се помешаат состојките.

Испрскајте ја рерната, оставете малку да делува, па со минимален труд ќе ја светнете рерната – ќе биде како нова!

Користете заштитни ракавици и некоја стара крпа кога ќе го отстранувате првиот слој нечистотија.

Многу е важно навременото чистење на рерната за да не се создаваат закоравени масни дамки.

При користење на силни абразивни средства доаѓа до оштетување на дното на рерната. Затоа користете го овој начин за нејзино чистење!

Loading...