Разликата можете да ја забележите после првата апликација, а веќе после третата употреба се забележува огромна промена во кожата. Ова е многу ефикасна домашна маска против стареење на кожата, а која се приготвува со кафе.
Денес ќе ви откриеме три рецепти кои се приготвуваат со помош на кафе и треба да се комбинираат. Првата е ексфолијатна и се употребува прва за да се отстранат мртв ите клетки од површината на кожата.
Со вториот рецепт ќе ја направите маската која се лупи во едно парче, а која има осветлувачки и измазнувачки ефекти. Третиот рецепт е бонус, а се користи за да се приготви исклучиво високо хранлива маска за кожа и не може да се спореди со ниеден купечки крем.
Единствена мана му е што мора веднаш да се искористи, односно е за една употреба, бидејќи рокот на траење му е краткотраен. Состојките кои се потребни не само што се поевтини од третманот со ботокс, туку се многупати поделотворни.
Рецептите потекнуваат од Јапонија каде е добро позната традицијата на жените за редовното негување со природна козметика. Се стимулира производство на колаген, се затегнува кожата, се отстрануваат пигментираните дамки и сите неправилности. Еве што ви не потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 супена лажица инстант кафе, 1 супена лажица вода, 1 чајна лажичка желатин во прав. Добро промешајте и оставете неколку минути да набубри. На тивок оган врз пареа растопете го желатинот. Оставете ја мешавината да се олади.
УПОТРЕБА: Се нанесува на добро исчистена кожа од лице, врат и раце. Оставете да се исуши половина час. Потоа излушете ја во насока спротивна од растењето на влакненцата. Измијте се и нанесете хидрантен крем. Веднаш ќе ја забележите разликата.
ЕКСФОЛИЈАТ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 супена лажица фино мелено кафе, 1 чајна лажичка кокосово масло, 1 чајна лажичка маслиново масло. Промешајте добро. Со оваа смеса нежно измасирајте ја кожата со кружни движења во времетраење од 1 минута.
Ќе ја отстрани сета нечистотија и мртвите клетки од површината. Исплакнете се со млака вода и нанесете хидрантен крем. Повторете 2 пати неделно.
БОНУС РЕЦЕПТ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чајна лажичка инстант кафе, 1 жолчка од јајце, 2 капсули витамин Е. Измешајте и соединете, па нанесете на чиста кожа. Оставете да се исуши па отстранете ја со лупкање.
Измијте се и инанесете хидрантен крем. Се употребува трипати неделно. Успешно ја третира мелазмата и сите неправилности на кожата. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „КОЛАГЕНСКА СТИМУЛАЦИЈА: Дури и ако имате 70 години, со оваа (ѓумбирова) маска вашите брчки ќе се намалат, а лицето ќе се измазни“ – ОВДЕ.