Вратете го младешкиот изглед со свежа и блескава кожа со помош на мојот крем за стареење. Неизбежно е со текот на годините да се појават поплитки или подлабоки линии на кожата од лицето кои ги нарекуваме брчки.

Ќе ви го откријам рецептот според кој јас го приготвувам мојот крем против брчки. Тоа е најдобриот домашен ефикасен крем против стареење кој го стимулира колагенот, а се приготвува од природни состојки.

Кожата ја прави затегната, здрава, свежа и блескава за само 15 дена редовно користење. Кремот е исплатлив, а многу е подобар од скапите брендирани креми и лосиони. Погоден е за сите типови кожа.

Неопходно е да имате добра домашна рутина за нега на кожата против стареење со што ќе го успорите тој процес, па дури и на 70 години ќе имате младешко лице.

Особено е важна масажата на лицето, па затоа, не заборавајте да одвоите неколку минути за да го измасирате вашето лице. Овој крем од ѓумбир ќе ви даде најмалку 20 години помладо лице.. Еве како да го направите:

ЃУМБИР: богат е со антиоксиданти кои се борат против предвременото стареење на кожата. Покрај другото помага и за отстранување на пигментираните дамки. Ја омекнува кожата и ги ублажива лузните и темните дамки.

РУЖИНА ВОДИЧКА: Ја омекнува кожата и ја прави свиленкаста. Наместо ружина водичка можете да користите обична, филтрирана вода (мека) или превриена па оладена.

СКРОБ/НИШЕСТЕ: Помага да се намали длабочината на брчките, но и да ја осветли кожата како и да се изедначи тенот. ЛЕНЕНО СЕМЕ: ја затегнува кожата и ги измазнува брчките.

РЕЦЕПТ: Изрендајте приближно 2 супени лажици свеж ѓумбиров корен (со големина на помал компир) и исцедете го сокот низ цедалка. Додајте 5 супени лажици ружина (или филтрирана) водичка.

Додајте 1 полна супена лажица скроб/нишесте и промешајте добро за да нема грутчиња. Претурете ја смесата во тенџерче и загревајте на ниска температура. Мешајте додека да згусне како крем, а потоа сипете го во друг сад и оставете да се олади.

Во друг сад сипете 1 супена лажица ленено семе и залијте го со 1 чаша вода (200 мл). Ставете на оган да зоврие 2-3 мин. Тргнете го настрана и оставете да се олади (да биде млако). Потоа процедете го низ газа за да го добиете гелот.

Сипете една полна супена лажица гел во кремот од ѓумбир и промешајте за да се изедначи. Потоа додајте 10-15 капки витамин Е (можете да користите и капсула) и 1 чајна лажичка бадемово масло.

Добро измешајте за да се соединат сите состојки во еднолична, хомогена смеса. Кремот складирајте го во соодветно кутивче со капак и чувајте го во фрижидер. УПОТРЕБА: нанесете го кремот на чиста кожа (лице, врат и деколте), навечер пред спиење.

Кремот се нанесува со блага масажа во времетраење од неколку минути. Оставете да делува преку цела ноќ. Наутро измијте се со ладна (млака) вода. Користете го кремот секоја вечер. После првата апликација ќе забележите огромна разлика. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.