Се добиваат идентични цветови како од ружата од кога сте го зеле гранчето. За ружите се смета дека се едни од најубавите цветови на планетата. Затоа, не изненадува фактот кога цвеќарите велат дека ружите се најпопуларниот цвет кој луѓето го купуваат за дар на своите најсакани.

Ружите се омилено цвеќе за одгледување во градините, но и за во саксија. Многумина се обидуваат да си „зафатат“ коренче од својата омилена ружа за да ја размножат, но честопати тоа не им успева.

Меѓутоа, досегашните познати методи сега се заменети со нов, многу полесен и генијален т рик, со кој секој кој тоа го посакува, може да си одгледува рози од земено гранче. И она што е најдобро, секогаш ќе знаете каква боја и како ќе изгледа цветот, затоа што секогаш излегува како „мајката“ од која е земено гранчето.

МЕТОД: најпрво отстранете го цветот и врвовите ос стебленцето. Секое гранче засечете го да биде со должина од 6 до 8 центиметри. Понатаму, ќе ви биде потребна саксија, односно некој сад во кој ќе ги растете гранчињата додека да пуштат коренчиња.

За таа намена може да ви послужи и некоја кутија од стиропор. Исечете ја кутијата и обликувајте ја според потребите. Обезбедете дренажен отвор, бидејќи ова е од клучно значење. Водата со која ќе ги залевате гранчињата не смее да се задржува.

Исто така, важен е и супстратот во кој ќе ги посадите гранчињата. Се препорачува песоклива земја која ќе овозможи долично дренирање на водата. Постојат неколку причини зошто песокот се користи токму за размножување на билките.

Песокот многу добро се цеди, а тоа им помага на билките да не бидат на премногу влага. Дополнително, на гранчињата им овозможува секогаш да стојат исправено. Постојат две главни причини зошто некои луѓе веруваат дека песокот е најдобриот за оваа цел.

Прво, затоа што е многу е евтин, а второ, затоа што е достапен и може да се купи било каде. Исто така, многу е важно како ќе ги засечете гранчиња.а Засечете ги со остар скал-пел под агол, како што е прикажано во видеото, и со таа, засечената страна забодете ги во песокта.

Оставете приближно 1 центиметар помеѓу песокот и врвот на кутијата. Не заборавајте, бидејќи песокот не ја задржува водата, гранчињата мора секој ден да ги залевате со вода која е на собна температура.

За приближно еден месец гранчињата ќе создадат корења. Меѓутоа, во зависност од временските услови, понекогаш се потребни можеби 2-3 месеци.

Кога ќе се формира убава мрежа од корења, гранчето е спремно да го пресадите и да почне да се развива во нова, возрасна билка. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.