Летото е пред нас и сè повеќе луѓе почнуваат да размислуваат за својата исхрана, се качуваат на вага, ги пробуваат ланските летни алишта и сфаќаат дека ова зимо и пролет ставиле нешто повеќе килограми отколку што им се потребни за да изгледаат фит.

Летото се ближи и веќе многумина започнаа да применуваат некои од риго.розни ди.ети со цел да осла.бат на време пред летната сезона. Она што секого секогаш го интересира, е колку брзо можеме да ги намалиме випокот килограми, а одговорот на тоа и на многу други прашања во врска со сла.беењето го даде Саша Плешевиќ попознат како д-р Фелгуд.

„Сè зависи од полот, возраста, физичката состојба на тоа лице, моменталната тежина… Тој што тежи 120 килограми а треба да тежи 80, може да изгуби 15-20 килограми за еден месец.

Сè зависи од тоа каква тежина имате и колку треба да имате. Друга работа, не секое слабеење е здраво. Вистинско и единствено здраво слабеење е кога ќе ги намалите маснотиите, а не мускулите, течностите, минералите, витамините… “.

Популарниот д-р Фелгуд вели дека суштината е во правилниот начин на исхрана, без разлика дали некој сака да ос.лабе или да се здебели.

„Прво и најважно е „тајмингот“, односно времето кога јадете. Се разликува од начинот на живот, но во просек, појадокот е во девет часот, ужината е во 12 часот, ручекот е во 3 часот попладне.

А во 18 часот сркаш некоја зеленчукова супа, чекаш околу половина час за да се свари зеленчукот, а отоа вечераш околу 19:30-20 часот, а потоа ништо до девет наутро. Сега сите зборуваат за таа автофагија, но нашите баби уште одамна ни велеа: „немој да вечераш, и ќе осла.биш!“.

Ако некој сака да се ослободи од вишокот килограми и тоа за кус период, тогаш треба да знае дека „тајмингот“ е многу важен. Значи, 9, 15 и 19 часот, под услов да си легнувате во десет, бидејќи добриот сон е многу важен за сла.беењето, да си легнете до десет, најдоцна единаесет часот и да спиете околу осум часа“.

Како две следни најважни работи, тој наведува што и колку количински треба јадеме.

„Што јадеш? Умереноста е најважна. Јас сум оној „доктор на четирите бели с.мрт-ни намирници“, а тоа сите го знаат, избегнувајте сол, шеќер, бело брашно, масна храна, но станува збор за фактот дека треба да сфатите дека ова се навистина намирници означени под името „бела с-мрт“.

Но, тоа не треба да го сфатите буквално, како, ајде сега ќе изедам нешто од овие четири намирници и ќе yм-paм. Секако, можете да ги јадете, но да бидете умерени. И јас исто така, сакам да јадам слатки, пица и мрсна, солена храна, но не го правам тоа секој ден.

Треба од сè да внесувате умерено, според вашите потреби, да си легнете во 10, 11 часот, и да пиете доволно доволно вода. Колку вода ни треба, тоа зависи индивидуално – подели ја својата тежина со осум, а бројот што ќе го добиеш е бројот на чаши од 250 милилитри што треба да ги испиеш дневно“.

Како четврта најважна работа, д-р Фелгуд го наведува начинот на подготвување на храната.

Се разбира, физичката активност е исто така многу важна.

„И физичката активност е многу важна. Болеста на современото општество е хипокинезија, ние не се движиме, а создадени сме да се движиме. Втората работа е погрешниот начин на јисхрана, третата работа е орторексија, тоа се луѓе кои прекумерно се грижат за својата исхрана да биде здрава“.

Со оглед на тоа што убавото време е пред нас, на располагање ни се повеќе видови овошје, но треба да се обрати внимание на една работа, вели тој.

„Сега има многу овошје, но важно е да се знае дека тоа треба да се јаде еден час пред оброк или три часа после оброкот. Вода се пие половина час пред и еден час после јадење, не е добро да се пие веднаш после оброкот затоа што го нарушува варењето на храната “.

Неговите совети можете да ги слушнете во видеото на линкот ОВДЕ.