Генијална идеја која ќе ви помогне денес да ја приготвите највкусната скара (ВИДЕО)

Започна скараџиската сезона. Летото значи ставање на се’ и сешто на скара, бидејќи од некоја причина, со тоа храната добива извонреден вкус.​

Недостатоците од печење на скара, е тоа што за нејзино чистење се потребни многу енергија и време, бидејќи храната која ја ставаме се лепи на неа. Без разлика дали станува збор за риба, парчиња леб или плескавици, мали трошки од храната секогаш остануваат залепени, па тоа може да ви ја расипе забавата.

Мислите дека само со долевање на масло можете да ги отстраните овие остатоци? Постои поедноставен и полесен начин:

Пресечете еден поголем компир на половина, прободете го со вилјушка, па протријте ја скарата со пресечениот дел. Почекајте најпрво да се загрее скарата, па започнете со процесот. Поминете неколку пати по целата површина на скарата, додека да го почувствувате звукот на лесно лизгање.

Како функционира? Скробот од компирот кој ќе се нафати врз скарата, претставува бариера помеѓу неа и храната која ќе ја печете. Погледнете на видеото како тоа се прави и уживајте во скарата!

Претходна статијаСПАС ЗА ЖЕНИТЕ: Како да спречите да се создава прашина во домот
Следна статијаЖЕНСКА ТАБЕЛА: Еве колку килограми треба да имате според вашата висина, тежина и градба