Имам еден рецепт од бабата на моја пријателка кој сакам да го споделам со вас. Според нејзините зборови, нема подобар сок од оној на цвеклото, и навистина е така. Таа рече дека токму овој сок и го одржува здравјето и имунитетот, а гледајќи ја онака енергична и силна, одлучив и јас да го направам.




Откако почнав да редовно да го правам, кај нас дома нема болести. Сега кога е сезона на цвеклото, мислам дека сите треба да си го направат овој ферментиран сок за зајакнување на имунитетот.

pixabay.com




Ферментираниот сок од цвекло има бројни лековитио својства и бенефити за целокупното здравје на човекот, во голема мера ја зголемува отпорноста на организмот од болести, а исто така, помага во изградба на здрава микрофлора во цревата.

Karen Mardahl / Flickr.com




Цвеклото е навистина благодет за човекот. Треба сите да го јадат во вид на салати, чорби или сокови. Ферментираниот сок пак, се препорачува да се пие не само преку есенскиот и зимскиот период, туку и преку целата година. Еве што ви потребно:

pixabay.com




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА 2 ТЕГЛИ ОД 750 МЛ: 1 кг цвекло, 4 чешниња лук, 2 ловорови листови, 6 зрна црн пипер, 1 литар превриена и изладена вода, 1 лажица сол




ПОСТАПКА: Цвеклото измијте го под млаз ладна вода, исчистете го и исечете го на помали парчиња. Распоредете го во двете тегли кои претходно добро сте ги измиле и стерилизирале.




Во секоја тегла ставете по две чешниња исчистен лук, еден ловоров лист и три зрна црн пипер. Потоа во водата додајте сол и мешајте додека целосно да се растопи. Цвеклото прелијте го со саламурата. Треба целосно да биде прекриено.




Теглите затворете ги со капаци, но не цврсто, потребно е да бидат лабави за да може цвеклото да ферментира. Оставете ги вака на собна температура, околу пет до седум дена додека да се појави пена одозгора.




Тоа е знак дека ферментацијата започнала (времетраењето зависи од температурата во просторијата) и дека цвеклото се скиселило. После ова време теглите можете цврсто да ги затворите и да ги чувате во фрижидер.




Сокот од цвеклото можете да го прецедите и да го чувате во добро затворени стаклени шишиња, во фрижидер, до 3 недели. Сокот може да се пие така или да го разредувате со вода.




Цвеклото можете да го искористите за подготовка на салати. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.