Ако имате 1 јајце, малку брашно и млеко, направете ги овие вкусни БЛАГИ ПЕЧИВА за неколку минути. Овие вкусни печива се подготвуваат без путер и се многу вкусни од само неколку состојки.




Се подготвуваат без путер со минимално додавање на масло. Печивата потсетуваат на кифлички, но се со благ крем и фил. Тестото се подготвува исто како и секое друго меко тесто за кифлички печива, а кремот е многу вкусен.




Потребни состојки: 150 мл топло млеко, 50 г шеќер, 8 г сув квасец, 40 мл масло, 1 јајце, 360 г брашно, 1 лажичка сол. За крем: 40 г шеќер, 20 г густин, 1 жолчка, 250 мл млеко, малку рендана кора од лимон. И уште: 1 јајце со 2-3 лажици млеко, шеќер во прав, чоколадни трошки или рендано чоколадо.

потребни состојки




Постапка: За подготовка на тестото подгответе го на вообичаен начин како за кифлички. Во вангла ставете го топлото млеко, додајте го квасецот, солта и шеќерот и промешајте со жица за матење.




Потоа покријте ја ванглата со проѕирна фолија и оставете квасецот да се активира 10-тина минути. По изминатото време, продолжете со подготовка на тестото. Во ванглата додајте го маслото, јајцето и брашното.




Замесете меко и фино тесто, нелепливо под прсти. Потоа покријте ја ванглата со тесто со проѕирна фолија и памучна крпа и оставете да нарасне 1 час. Во меѓувреме, подгответе го кремот:




Во мало тенџере ставете го шеќерот, густинот, жолчката и млекото. Се промешајте и изрендајте малку лимонова кора. Тенџерето се става на рингла со средно-ниска температура и се готви се додека кремот да згусне, слично на пудинг со повремено мешање.




Потоа кога ќе го сварите кремот, тргнете го настрана и покријте го со проѕирна фолија за да не фати коричка. Во меѓувреме, нараснатото тесто развлечете го во тенка кора и 2/3 од површината на тестото премачкајте ги со оладениот крем и наросете со чоколадни трошки или рендано чоколадо.




Потоа тестото завиткајте го прво од празната страна до половина, а потоа од другата страна исто до половина за да се преклопат страните една со друга, и да се добие како големо печиво. Добро израмнете го од страните и пресечете го со набрашнет н ож на помали парчиња со дебелина од 1,5-2 прста.




Секое пресечено парче го виткате како фурнаринка, значи ги фаќате краевите на двете страни и ги вртите на спротивната (подетално погледнете на видеото). Вака подготвените печива префрлете ги во плех обложен со хартија за печење.




Потоа премачкајте ги со 1 разматено јајце измешано со малку млеко и одозгора наросете им кафеав шеќер (по желба). Вака подготвените печива оставете ги да отстојат 20-тина минути уште малку да стасаат додека се загрее рерната.

Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, 25 минути. По печењето наросете ги со шеќер во прав. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.