Одличен и проверен рецепт со кој ќе приготвите феноменални брзи мекици, а со кои ќе ги израдувате најмилите. Вкусни се и можете да ги послужите за појадок или вечера. Ова тесто е фино и одлично, а има рок на траење од седум дена доколку го чувате спакувано во фрижидер.
Пригответете го тестото, оставете го во фрижидер, па по потреба од него вадете си пржете си онолку мекици колку што ви се потребни. Тестото е одлично, воопшто не впива масло.
Потребни состојки: 500 мл млеко, 1 кесичка квасец, 1 кесичка прашок за печиво, 4 јајца на собна температура, 1 лажица сол, 200 мл јогурт на собна температура и 1,4 кг брашно +- (помалку или повеќе, во зависност колку впива влажност)
Постапка: Во подлабок сад просејте го брашното, додајте ги јајцата, прашокот за печиво, јогуртот, солта и млакото млеко со растворениот квасец. Замесете тесто исто како за кифлички, да не е тврдо.
Добро измесете го и ставете го во чист сад претходно намастен со масло. Прекријте го со најлонска фолија, намастена одвнатре со масло (за да не се залепи тестото кога ќе нарасне), па ставете го во фрижидер.
Вака приготвеното тесто може да стои во фрижидер до седум дена. Кога ќе посакате, извадете го тестото, па со влажни или намастени дланки формирајте мекици и пржете ги во умерено загреано масло, од двете страни. Преостанатото тесто вратете го во фрижидер.
Мекиците можете да ги јадете со сирење, со слатко од смокви, или со што сакате, преубави се и во слатка и во солена варијанта. Ако досега не сте го пробале овој рецепт, задолжително запишете си го и во следна пригода направете ги овие феноменални мекици. / Coolinarika.com