Секогаш ни се потребни рецепти како овој, затоа запишете си гo. Колачот можете да си го приготвувате во денови на пocт, но и во вообичаени денови кога не пocтите.

Кога ќе го пробате ќе бидете воодушевени. Потребни ви се само неколку состојки кои сигурно ги имате во кујна.

Потребни состојки: 200 г брашно, 100 г шеќер, 100 г ореви + 50 г, 400 мл газирана вода, 2 полни супени лажици џем по ваш вкус, 1 кесичка прашок за печиво.

Постапка: во еден подлабок сад ставете две чаши газирана вода (вкупно 400 мл) и две полни лажици џем по ваш вкус.

Добро разматете со лажица за да се раствори џемот. Додека мешате додајте го и шеќерот, па продолжете со мешање за и тој да се раствори. Во 200 г брашно додајте една кесичка прашок за печиво, па просејте и додајте во смесата.

На крај додајте 100 г мелени ореви и убаво промешајте за да се изедначи смесата и да нема грутчиња.

Во меѓувреме, вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Кога ќе добиете хомогена смеса, истата излејте ја во некој помал калап обложен со хартија за печење.

Протресете и израмнете за да се распореди рамномерно, па ставете да се пече во загреаната рерна на 200 степени околу 40-45 минути (проверете со чепкалка кога е готово, ако чепкалката излезе сува, значи дека колачот е готов).

Додека сè уште е топол колачот, одозгора премачкјате го во тенок слој џем, па наросете мелени или сечкани ореви. оставете да се олади на собна температура, па сечете го и сладете се во неговиот убав вкус.

Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ, а не го пропуштајте ниту рецептот на монахињите кој можете да го прочитате подолу:

Овој колач тие го осмислиле за деновите кога се пости на вода, меѓутоа толку е вкусен и сочен, што можете да си го приготвувате било кој ден. Многу е вкусен, а направен е од состојки кои секоја куќа ги има. Многу брзо и лесно се приготвува.

Потребни состојки: 12 лажици шеќер, 20 лажици меко брашно, 1 прашок за печиво, 400 мл вода, 1 лажичка сода бикарбона, 8+4 лажици мелени или блендирани ореви и 4+4 лажици домашен џем по желба

Постапка: вклучете ја рерната на 200 степени. Во еден сад ставете шеќер, брашно, вода, 8 лажици ореви, 4 лажици џем по желба, прашок за печиво, сода бикарбона и сето добро измешајте го.

Наместо ореви може да се стават лешници, а и џемот исто така можете да го комбинирате (во тестото ставив џем од сливи а го премачкав со џем од кајсии).

Во обложен плех со хартија (димензии 30х20 см) излејте ја целата смеса и убаво распоредете.

Кога ќе ја ставате хартијата, внимавајте таа со мазната страна да биде нагоре, ќе осетите под прсти дека едната страна е помазна од другата.

Смесата треба да биде нешто погуста од јогурт. Ставете да се пече 30 минути, во зависност од рерната. Ако не сте сигурни, проверете со чепкалка.

Кога ќе потемни од горната страна, значи дека е готов. Врелиот колач премачкајте го со 4 лажици џем и наросете 4 лажици мелени ореви, па оставете да излади и тогаш сечете го.

Јас веднаш, уште додека беше врел го извадив од хартијата и го ставив на даска, па потоа го премачкав и наросив.