Потребни состојки: 800 мл млеко, 7 супени лажици шеќер, 3 кесички пудинг со вкус на ванила, 1 супена лажица густин, 400 мл слатка павлака за шлаг, ½ кесичка желатин и 2 лажици вода

И уште: 150 г чоколадо за готвење, 100 г бело чоколадо, 150 г бисквити по избор, 100 г мелени ореви, 100 мл слатка павлака за шлаг (за украсување)

Постапка: оревите малку потпечете ги во сува тава, изладете ги и сомелете ги, а еден дел ситно исчекајте ги.

Бисквитите искршете ги ситно со рака или во блендер, па помешајте ги со оревите (одберете вкусни бисквити).

Желатинот прелијте го со вода и оставете да набубри. Во 200 мл ладно млеко ставете го пудингот и густинот па добро промешајте.

Остатокот од млекото со шеќерот ставете го на оган да зоврие, па додајте го пудингот и мешајте додека да згусне. Оставете да излади со повремено промешување за да не фати коричка или покријте го со проѕирна фолија.

Изматете ја слатката павлака во шлаг, додајте го желатинот растопен на пареа или во микробранова печка, па соединете со изматениот пудинг.

Смесата поделете ја на два дела: во едниот додајте растопено темно чоколадо, а во другиот дел бело чоколадо.

Во калап за куглоф обложен со проѕирна фолија истурете половина од темната смеса, наросете мешавина од ореви и бисквити, па истурете половина од белата смеса, наросете повторно ореви и бисквити и повторете ја постапката со преостанатиот дел.

Со лажица измешајте во круг започнувајќи од средината, па вртејќи по малку од смесата од дното кон горе и сè така во круг за да се добијат неправилни шари.

Одозгора наросете ореви и бисквити, прекријте со фолија и оставете на ладно добро да се стегне, најдобро преку ноќ. Декорирајте со изматена 100 мл слатка павлака или по желба. / Сооlinarika.сom