Некој ги прави со млеко во прав, ама јас ги правам на наједноставен начин: Рафаело топчиња

Потребни состојки:

500 мл млеко

300 г шеќер

8 лажици густин

125 г путер

250 г кокос

Бадеми или лешница, по желба

Постапка:

Густинот разматете го со малку млеко, а остатокот сварете го со шеќер и ванилин шеќер. Додадете со постојано мешање додека да згусне. Кога ќе излади додадете изматен путер и кокос.

Обликувајте топчиња, во средината ставете бадем или лешник, валкајте ги кокос и ставете ги во фрижидер малку да се стегнат.