Денес ќе ви откриеме како да го направите најдоброто органско ѓубриво за сите баши растенија, вклучително цвеќиња и градинарски култури кои растат во саксија или во градина, на отворено.

Користејќи само еден компир, вашите растенија ќе бидат зелени, убаво, со здрави корења и прекрасни, крупни цветови и плодови. Овој рецепт делува на секое растение, само погледнете го неверојатниот резултат.

Како пример ја зедов оваа Лили, која како што можете да погледнете, многу е грда, пожолтена, веќе долго време не процветала и целата е некако болникава. Затоа, ова органско ѓубриво ќе го испробаме на неа.

Јас веќе го имам испробано и можам да кажам дека делува речиси веднаш, растението брзо оздравува и почнува да цвета со многу големи цветови колку дланката и понатаму останува здраво и бујно. Ова делува на сите билки, па дури и на кактусите и сукулентите.

Првото нешто што треба да направите е да земете четири компири, најдобро би било да се органски, да не се третирани со некопи средства, но ако сте ги купиле од локалната продавница, само добро измијте ги и истријте им ја кората.

Потоа избришете ги и излупете ги. Сочувајте ја кората, не ја фрлајте. Токму таа ни е потребна за подоготовка на ова органско ѓубриво. Распоредете ги во еден слој и оставете ги да се исушат на сонце, за што се потребни приближно два дена.

По потреба превртувајте ги, за да можат убаво и рамномерно да се исушат. После 48 часа, кога ќе се кршат под прсти (што значи дека добро се исушиле), ставете ги во блендер и сомелете ги во прав, како брашно.

Во еден литар вода ставете две полни до врв супени лажици од овој прав. Мешајте приближно две минути за да бидете сигурни дека правот добро се растворил во водата и не останале грутчиња.

Се прашувате, каква врска има кората од компирот со цветањето на растенијата? Кората од компирот е богата со азот, фосфор, калиум, магнезиум, бор… Таа ги поседува сите хранливи материи кои му се потребни на вашето растение за да собере сила за цветање.

Можете да го користите на секои 15 дена за да ги одржувате убави и расцутени. Ова природно ѓубриво ќе им даде и отпорност против болести и разни штеточини. И најдобро од сè, нема да пожолтува.

Ова домашно ѓубриво е бесплатно. Доколку имате Лили како мене, еве уште неколку совети: тоа е растение кое не сака многу да се пржи на сонце, па затоа оставете го на полусенка. Полевајте ја секој ден по малку во топлите денови, зашто таа сака доста вода. Повеќе ОВДЕ.