Еврејски колач: едноставно, ефектно, вкусно

Фото и рецепт: Ayse Huseyin

Потребни состојки за тесто:

600 г брашно

1/2 коцка квасец (20 г)

3 супени лажици шеќер

250 мл млеко

150 г путер

3 жолчки

Тестото се замесува и се остава да отстои. Се приготвуваат три фила (четвртиот е мармалад):

ФИЛ 1

300 г мелен мак

200 мл млеко

150 г шеќер

2 супени лажици мед

1 рендана кора од лимон

Состојките заедно се варат околу 10 минути.

ФИЛ 2

150 мл млеко

100 г шеќер

300 г ореви

Состојките се варат околу 15 минути.

ФИЛ 3

1 кг рендани јаболка (кисели се поубави)

150 г шеќер

Цимет и ванила по желба

ФИЛ 4

Една тегла мармалад од кајсии (720 г). Јас употребив мешан мармалад, а вие по желба можете бил кој.

Постапка:

Тестото се дели на пет еднакви делови, се расукува првата кора и се става во плех кој претходно е премачкан со масло, потоа се филува со 3.фил.

Повторно се расукува втората кора и се премачкува со фил 1 со мак, пак кора и фил од мелени ореви, пак кора па се премачкува со мармалад и се покрива со последната кора.

Се пече 10 минути на 180 степени, па се намалува на 150 и се пече уште еден час.

Изгледа комплицирано но многу лесно се приготвува.

Loading...