На социјалните мрежи често се појавуваат совети со чија помош можете брзо и лесно да ги решите секојдневните проблеми со кои се среќавате и да си го олесните животот. Од средување на станот, уредување на просторот, завиткување подароци, одзатнување на затнато лавабо, секакви работи…

Сепак, пред да одлучите да испробате некои нови трендови на вашата кожа, најдобро би било да се консултирате со вашиот избран лекар за промена на вашите навики или со добар дерматолог.

Некои од решенијата на Тик Ток можат да делуваат научно-фантастично добро, но можат да доведат и до последици кои е невозможно да се решат подоцна.

Имено, на TikTok неодамна се појави трик за побрзо потемнување на кожата со помош на пиво. Како што покажуваат различни видеа, сè што треба да направите е да истурите пиво од шише или конзерва директно на вашата кожа и потоа да се изложите директно на сончева светлина.

Сепак, дерматологот од Клиниката Кливленд, д-р Шилпи Кетарпал објасни дека потемнувањето со помош на пиво може да има многу штетни ефекти врз вашата кожа.

“Бев шокиран. Зошто некој би го направил тоа? Мислам, покрај сè што знаеме за изложеноста на УВ и излегувањето надвор без заштитен крем за сончање. Зошто би ставиле нешто лепливо и неуредно по целото тело“, изјави дерматологот.

Тој истакнува дека пивото всушност може да ја спречи вашата кожа да дише, што може да ве направи подложни на топлотен удар и дехидрација. Исто така, ја остава вашата кожа незаштитена од штетните сончеви зраци.

Тој изјави дека треба целосно да го избегнеме овој тренд и дека има многу подобри начини, доколку сакаме да го забрзаме процесот на потемнување на кожата. Популарните креми за потемнување се подобра опција, но доколку сакаме да се заштитиме од сончевите зраци, најдобро би било да користиме стандардни креми за сончање.