Д-р Воислав Перишиќ говореше за популарниот народен лек, за проблемите предизвикани од алергија на полен и што би можело да помогне како третман.

Се чини дека оваа година постојат сè поголем број луѓе кои се жалат на проблеми со алергии, па дури и оние кои порано немале вакви тегоби.

Меѓу најчестите симптоми на кои тие се жалат, се сувост на грлото поради поленот, кашлица, солзење и чешање на очите, течење на носот и слично. Еден од оние кои се жалат на алргиската кашлица е и водителот на ТВ Прва.

Во утринската програма Филип откри дека има проблеми со гласните жици поради поленот и дека претходниот ден почнал да кива, а денес веќе кашлал поради овие алергии.

Тој исто така раскажа дека неговиот колега Владимир Јелиќ го советувал што треба да пие за да ги ублажи овие проблеми, а тој одлучил да ја провери ефикасноста кај гастроентерологот д-р Воислав Перишиќ дали овој природен лек кој луѓето често го користат, навистина помага.

Станува збор за чашка ракија на која и се додава малку цимет и малку мед. Дали тоа може да помогне?

„Може да помогне така што ќе ги прошири кр-вните садови и ќе ја засили кашлицата“, му одговори докторот, негодувајќи за овој избор како природен лек.

„Традиционалната медицина советува три шолји чај дневно приготвени од бел слез со лажичка мед“, рече тој, а за претходно споменатиот третман го советуваше: „Немојте, ве молам.“

Гастроенеролг исто така препорача терапија со десензибилизација. Алергенската имунотерапија, позната и како десензибилизација или хипосензибилизација, е медицински третман за алергии од животната средина, како што се кас.нувања од инсекти и астма.

Имунотерапијата вклучува постепено изложување на зголемени количини на алерген во обид да се промени одговорот на имунитетот. „Она што ги активира овие феномени за да не бидете чувствителни на предизвикувачкиот агенс е всушност десензибилизација.

Како изгледа тоа? Антигенот се нанесува седмично на уста и алергените се блокираат“, објасни д-р Воја.