Дали сте го пробале ајварот од цвекло? Одличен е за црниот дроб, бубрезите и жолчката

Изненадете го вашето семејство со нов рецепт – ајвар од цвекло кој е исклучително вкусен и многу здрав.

Благодарение на влакната кои ги содржи, цвеклото може да го намали холестеролот во крвта и до 40%. Го прочистува организмот, ја поттикнува работата на црниот дроб и го нормализира варењето.

Сокот од цвекло е одличен лек за бубрези, гихт и жолчна кеса, а во комбинација со морковот, делотворноста двојно се зголемува.

Кога не е сезона и немате при рака свежо цвекло, тогаш послужете се со цвеклото од тегла, а во продолжение прочитајте како да направите ајвар од цвекло.

Потребни состојки: 3 кг цвекло, 2 главици кромид, 5 зрели домати, 4 чешниња лук, сол, црн пипер по вкус, 1 лажица шеќер и 5 лажици масло

Постапка: Цвеклото темелно исперете го со ладна вода. Потоа ставете го во загреана рерна на 200 степени и запечете го колку да омекне. Оставете да излади па излупете го.

Кромидот и лукот исчистете ги, па заедно со цвеклото измелете ги во машина за мелење месо. Доматот излупете го и исечете го на парчиња.

Во соодветен сад ставете масло, па додадете ја кашата од цвекло и домати, па смесата гответе ја со повремено мешање 35 минути на умерен оган. Потоа додадете шеќер, сол и црн пипер, па ајварот гответе го уште 10 минути.

Врелиот ајвар складирајте го во стерилизирани и загреани стаклени тегли, па затворете ги. Оставете ги да изладат, па сместете ги до нивна употреба.

Претходна статијаЕве што им се случува на оние кои ја примија експерименталната вакцина против корона вирусот
Следна статијаСе топи во уста: Колач со пудинг кој не се вари – готов е за 10 минути