Еве што да јадете и како да вежбате после менопаузата: Само вака ќе одбегнете дебелеење после 40-50-тата

Дали постојат начини кои можат да ни помогнат да останеме здрави и да ги задржиме килограмите и после 40-50-тата година, и после менопаузата?

Жените после 50-тата година, а некои и порано, доживуваат шок, бидејќи сосем неочекувано, претходно виткото тело започнува да се прелева и да виси…

Поради ова жените на оваа возраст стануваат несигурни во себеси, анксиосни, депресивни, стравуваат дека ќе бидат напуштени од партнерот поради својот непривлечен изглед…

Loading...

ПРОБЛЕМОТ СО ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ ВО ТЕКОТ НА МЕНОПАУЗАТА

Вишокот килограми во текот на менопаузата не е единствениот проблем на жените. Тука се солзите, жешките бранови, несоницата и силните главоболки.

Притисокот почнува да скока, расположението нагло се менува, а од вас истовремено се бара да зрачите со ведрина и оптимизам, како што ве советуваат симпатичните и оперирани девојки од екраните…

Секако, современата медицина ниди куп лекови кои помагаат да не се почувствуваат последиците од менопаузата, но тие лекови мора да ги земате само по препорака од лекар.

За да го одбегнете дебелеењето во текот и после менопаузата, прво и основно е да одите на преглед кај гинеколог и ендокринолог.

ЧЕСТА ПРИЧИНА ЗА ДЕБЕЛЕЕЊЕ ВО ОВОЈ ПЕРИОД Е ДИСФУНКЦИЈАТА НА ШТИТНАТА ЖЛЕЗДА

За да му помогнете на ендокриниот систем, пропишаната терапија треба да се зема навремено, а после неколку месеци тежината ќе започне да се стабилизира. Лекувањето се изведува само под надзор на лекар.

Освен стручна помош, жените после 50-тата мора да водат сметка за тоа што јадат и како и колку се движат. Физичката активност е пресудна. Па дури и доколку не сте се бавеле со спорт претходно, сега ќе мора да имате физичка активност.

МЕДИЦИНСКИ НАСОКИ  ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕЖИНАТА ВО ТЕКОТ НА МЕНОПАУЗА:

-направете план оброк и држете се според тој план. Помеѓу оброците нека има растојание најмалку 3 часа.

-Од исхраната исфрлете го свинското месо, масното месо, маст, млечни производи, слатки и леб.

-Дневно направете од 8 до 10 000 чекори.

-не грицкајте ништо помеѓу оброците. Ако чувствувате глад, изпијте вода или јадете свеж морков или јаболко.

-контролирајте ги порциите. Една порција треба да има најмногу 250 г храма.

-заборавете на соковите со шеќер. Само вода.

-за да не се прејадувате, водете сметка како јадете и добро џвакајте. Кога јадете не гледајте телевизија.

-вашата исхрана треба да се состои од растителна храна. Свеж зеленчук и овошје, до 500 г дневно.

-вашите пијалаци треба да бидат чиста вода. Никако кафе, компот, вино…

-обидете се што повеќе да се движите. Ако досега не сте вежбале, сега треба да се запишете на некоја физичка активност која најмногу ќе ви одговара…

Loading...