ЕВЕ КОГА ПОЧНУВА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Дознајте кога ги поместуваме стрелките на часовникот. Зимското сметање на времето ќе започне во ноќта од сабота, 28 октомври, кон недела, 29 октомври, кога стрелките ќе се поместат еден час наназад.

Имено, ноќта помеѓу 28 и 29 октомври во 3 часот по полноќ стрелките на часовникот се поместуваат еден час наназад. Односно, се враќаат во 2 часот по полноќ.

Поместувањето на стрелките на часовникот еден час наназад овозможува повеќе светлина наутро и порано зајдисонце во текот на есенските и зимските месеци.

Од воведувањето на летното сметање на времето во 1980 година, се разговараше за значењето на оваа мерка. Во секој случај, не можете да заштедите енергија со промена на времето.

Според информациите на германската федерална агенција за животна средина, електричното светло се штеди навечер во текот на летото, но во исто време се користи повеќе греење наутро, особено во студените месеци (март, април и октомври).

Сè на сè, потрошувачката на енергија всушност се зголемува. Ако ве интересира, прочитајте: „Еве како влијае врз здравјето поместувањето на часовникот нанапред (Летно сметање на времето)“ – ОВДЕ.