Многу е убаво, го правам и во зима со суви пиперки, но оваа летна верзија е особено вкусна. Може да се приготви со секакви пиперки, но највкусно е со црвените. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г грав, 1.5 кг црвена пиперка „ајварка“, 3 главици кромид, 3-4 чешниња лук, 3-4 лажици масло, 1 лажичка црвена мелена пиперка, зачини за зеленчук, сол, црн пипер, магдонос

ПОСТАПКА: Потопете го гравот во млака вода и оставете да отстои преку ноќ.
Фрлете ја првата вода во која ќе зоврие гравот.

Во втората вода додајте една главица ситно сечкан кромид и малку сува зеленчукова мешавина (вегета) и варете додека зрната грав да почнат да се распаѓаат. Гравот процедете го и зачувајте ја водата.

На малку масло продинстајте 2 ситно исечкани главици кромид, додајте лук и зачинете со црвен пипер. Додајте го процедениот грав, пропжете кратко и зачинете со сол и црн пипер по вкус, како и магдонос по желба.

Додајте малку вода во која се вареше гравот, само малку да се разреди. Исчистените пиперки наполнете ги со вака приготвениот грав, кои претходно треба малку да се посолат внатре.

Ставете ги пиперките во поголема тава за печење или огноотпорен сад. Ако ви остана уште грав, ставете го меѓу пиперките, прелијте со уште малку течност и малку масло.

Се пече во загреана рерна на 180-200 степени околу 1 час. Кога е готово, посипете одозгора со лист од магдонос. Рецептот на Валентина за полнети пиперки со грав (посно) можете да го прочитате и погледнете ОВДЕ.