Еве какви се проценките на епидемиолозите: Ќе живееме со овој вирус, ама ќе го држиме под контрола

Постојат малку причини за да веруваме дека kopона вирусот наскоро ќе исчезне, па дури и кога би имало сигурни вакцини, тврди Ханс Хестербек, професор по теоретска епидемиологија од Универзитетот Утрехт.

Врз основа на искуството кое го имаме со други инфекции, постојат малку причини за да веруваме дека kopона вирусот наскоро ќе исчезне, па дури и кога би имале сигурни вакцини.

Многу пореално сценарио е дека ќе биде додаден во групата со други заразни болести, тврди Ханс Хестербек во текстот кој го пренесува ИФЛ сајенс.

Кога доволен број луѓе ќе станат имуни на болеста, по пат на вакцинација или по пат на природна инфекција, ширењето започнува да се успорува и бројот на случаи опаѓа. Но, тоа не значи дека во еден момент целосно ќе исчезне.

Имено, на подрачајата на кои ќе нема доволно развиен колективен имунитет, веројатно сè уште ќе постојат доволен број осетливи поединци кои ќе овозможат ширење на болеста. Ниедна мерка за изолација не може да биде толку силна за целосно да успее да ја спречи човековата интеракција помеѓу регионите, внатре во земјата, помеѓу земјите или на глобално ниво.

-Можно е дека ширењето на инфекцијата на крај ќе се стабилизира на константно ниво, така што таа ќе биде присутна цело време. На тоа мислиме кога велиме дека болеста е ендемска – вели професорот ханс Хестербек.

Некои инфекции се присутни и активно се шират речиси насекаде (како што се полово преносливите инфекции и детските инфекции). Но, повеќето инфекции се ендемични во одредени делови од светот. Тоа може да се случи кога во некои области со делотворната контрола се успеало да се елиминира инфекцијата или затоа што условите кои се потребни за пренос може да се најдат само на одредени места. Типичен пример за тоа е маларијата, но и други инфекции кои ги пренесуваат комарците.

Теоретски гледано, инфекцијата станува ендемска ако во просек секое заразено лице ја пренесе на друго лице.

Во пракса постојат низа обрасци кои можат да се забележат кај ендемските болести. Некои можат да постојат на ниско ниво во текот на цела година, додека други би можеле периодично да се засилуваат и заслабуваат. Но, додека постои доволна маса луѓе кои и натаму се осетливи на болеста, тогаш таа и натаму ќе се шири.

Што се однесува до болестите кои создаваат траен имунитет, секое новородено дете е осетливо на нив откако ќе ослаби имунитетот кој го примило од мајката. Поради тоа детските инфекции како што се сипаниците се ендемски во многу делови од светот каде наталитетот е доволно висок.

Кај болестите кај кои привремениот имунитет настанува исклучиво по природен пат, луѓето ја губат имунолошката заштита и повторно стануваат осетливи.

Вирусот или бактеријата исто така можат да ја одбегнат имунолошката меморија со мутација, така што луѓето со имунитет на постар сој стануваат осетливи на новата верзија од болеста. Типичен пример за оваа ситуација е грипот.

Сè уште не знаеме колку ќе трае имунитетот од kopона вирусот, ниту колку ќе бидат квалитетни вакцините. Но другите kopонавируси кои се ендемски во човековата популација, како оние кои предизвикуваат настинки, даваат само привремен имунитет од околу една година.

Друга важна работа е дека луѓето со имунитет, без разлика дали станува збор за стекнат на природен начин или со вакцинација, е нерамномерна распределба. Така и во случајот со koвид 19 постојат подрачја на кои инфекцијата поинтензивно се шири и подрачја кои се релативно поштедени. Без рамномерна распределба, нема имунитет, па дури и ако доволен број луѓе се вакцинираат.

Начинот на кој ќе се носиме со koвид 19, откако ќе стане ендемичен, ќе зависи од тоа колку ќе бидат добри вакцините и третманите. Ако тие можат да ги заштитат луѓето од најтешкиот исход, тогаш инфекцијата ќе стане контролирана. Во тој случај koвид 19 ќе стане болест со која ќе умееме да живееме.

Претходна статијаСолен ролат – вкусно и декоративно предјадење кое не се пече – мешате, ставате во калап и после уживате
Следна статијаКомплетно чистење на дебелото црево за 24 часа: Исфрлете ги безболно отровите и вишкот масти