Еве како свекрва ми се ослободи од петен трн или шилец во петата за 10 дена

“Не толку одамна мојата свекрва се соочи со еден доста распространет проблем – а тоа е неподнослива болка во петата или народски кажано – имаше трн во петата или шилец во петата.

Свекрва ми често се жалеше и велеше дека има чуватво како некој да нагазила на шајка и при секое газење како таа шајка да и продира подлабоко во стапалото.”

Шилец во петата – Calcar calcanei е израсток на петната коска, најчесто надолу и се смета дека тоа е реактивно создавање на коска поради хронично, механичко преоптеретување и која со надразување при одењето се воспалува и тогаш боли.

Почесто се јавува кај постари лица и лица кои поради својата професија долго и многу стојат. Се карактеризира со силна болка во средината на петата, која не дозволува оптеретување на петата.

Болните симптоми се јавуваат уште при првите чекори по станување од спиење или после долго седење, а се појавуваат во областа на петата или на нејзината внатрешна површина.

Традиционалните методи некогаш се многу поефикасни од било кој крем купен во аптека.

“Свекрва ми пробуваше најразлични методи, а еве што најмногу и помогна:

Повеќе пати во текот на денот ја удираше петата од подот од сите страни, за да се зголеми циркулацијата и метаболизмот на калциумот и да се спречи таложењето на соли.

ЛЕКОВИТА ТИНКТУРА СО АСПИРИН

10 таблети аспирин или андол од 200 мг

250 мл комова ракија или 70% медицински алкохол

Се дробат таблетите и се мешаат со ракијата по што се остава два дена. Секоја вечер се протресува тинктурата, се натопува парче газа, облогата се става на пета, се витка во најлонска фолија а преку неа чорапа, па така се преспива. Следниот ден се измива и се мачка со масен крем.

Со оваа тинктура може да се третираат и проширени вени – после мачкањето болката веднаш исчезнува. Може да се мачкаат болни места при остеохондроза, каде има таложење на соли.

Ако се појават силни болки тогаш се ставаат облоги од рендан компир.

Десет дена на свекрва ми и ја ставав оваа облога:

Смеса од мед и сол во однос 1:1. Се меша мед и сол да се изедначи смесата, па обилно се мачка петата. Одозгора се става парче газа, се лепи фластер и се завиткува со најлонска фолија. Се обува чорапа и се преспива така. Оваа облога и ја ставав на свекрва ми секоја ноч во текот на десет дена. После тоа болките и исчезнаа.”

Loading...