Еве како да се ослободите од главоболката, а да не мора да голтате куп апчиња

Стресот или премногу алкохол од претходниот ден често не доведуваат во ситуација да „не можеме да гледаме“ од главоболка. Пред да посегнете по лекови, еве со што можете да се обидете.

За да ја ублажите главоболката која е последица од напнатост во малите мускули кои го поврзуваат вратот и задниот дел од главата, легнете на грб со дебела книга наместо перница, а потоа туркајте со брадата кон градите.

Loading...

На тој начин ги истегнувате тие мали мускули, чија згрченост е причинител за овие главоболки, што би требало да донесе олеснување.

Водете сметка за држењето на телото – главата во просек тежи околу 4,5 до 5 килограми и ако не водите сметка за држењето на телото, додека пишувате пораки на телефон, на пример, притисокот кој го трпи вратниот дел од рбетот е огромен.

Силата која ја трпи е еднаква на онаа која ја чувствуваме кога носиме осмогодишно дете на рамењата.

Ако сте долго и често во таква положба, напнатоста во вратот може да биде причина за сериозна главоболка, а понекогаш може да доведе и до поттилна невралгија, состојба предизвикана од воспаление на нервите кои од коренот на вратот се движи кон кожата на главата.

За да го одбегнете ова, седете исправено и подигнете го телефонот, така да ви биде во рамниште на очите.​

Дишете длабоко – повеќето од нас дишеме премногу плитко, што може да доведе до намалување на нивото на кислород во крвните садови кои го хранат мозокот, а тогаш тоа може да биде тригер за главоболка.

Неколку минути сконцентрирано, длабоко дишење може да ја отргне болката.

Седете исправено и дланките ставете ги на ребрата. Додека вдишувате и издишувате, фокусирајте се на ширењето и собирањето на градниот кош. Повторувајте го ова минута или две, можеби ова ќе ви донесе олеснување.

Носете штитници за заби во текот на ноќта – Ако патите од бруксизам, лесно може да се случи да ве мачи тапа, константна главоболка.

Набавете дентални штитници, на тој начин ќе ги сочувате забите од оштетување, но вилицата ќе ви биде во природна положба во текот на ноќта, со што ќе се намали напнатоста во мускулите, а со тоа и главоболката.

Отпуштете ја косата – Ако често ја носите собрана косата во репче или пунџа, можеби тоа е причина за вашата главоболка.

Истражувањето кое било спроведено во Лондон покажало дека во текот на животот повеќе од 53% од жените барем еднаш имаат главоболка поради пресилно собрана коса.

Ако правите „строги“, силно стегнати пунџи или висок коњски опаш, тоа може да ги иритира сврзните ткива од кожата од главата. Решението е да применувате „поопуштени“ варијанти од вашите омилени фризури, или да ја пуштите косата.

Опуштете го јазикот – притиснете со јазикот на горното непце, држете го така неколку секунди, а потоа опуштете се. Повторете го ова неколку пати, на тој начин ќе го ослабете притисокот во вилицата што може да биде причина за главоболка.

Помирисајте јаболко – Едно истражување покажало дека во некои случаи мирисањето на пресечено зелено јаболко може да доведе до намалување на болките.

Овој мирис наводно ја намалува згрченоста на мускулите во главата и вратот, што е една од причините за главоболка.

„Пишувајте“ бројки со носот – Едноставна пилатес вежба која може да ви помогне и при интензивни главоболки. Легнете на под со свиткани колена, стапалата нека бидат во ширина на колковите, поставени паралелно. Неколку пати вдишете и издишете длабоко и полека.​

Сега со носот „напишете“ вертикална осмица. Повторете трипати а потоа променете ја насоката. Потоа со носот „напишете“ хоризонтална осмица. Повторете трипати, а потоа променете ја насоката.

Завршете со лесно истегнување, обидувајќи се со брадата да ги допрете градите, но без подигање на главата од подот.​

Loading...