Мандарини можете да одгледате и сами, дома – еве на кој начин

Настрана од прекрасниот мирис и вкус, мандарините се преполни со, витамин Ц, витамин А, витамин Б 12, и калиум.

Мандарини, исто така, му помага на нашето тело да го апсорбира железото, многу полесно и поефикасно.

Мандарините се сојузник во борбата против патогени, силен поддржувач на имунитетот и на општото здравје.

Loading...

Сити ние ги знаеме придобивките од цитрусните овошја, кои во исто време, во одреден период од годината, знаат да бидат и многу скапи.

Ние на нашиот портал имаме претставено многу упатства, како од семка, во домашни услови, да одгледате разни овошја и зеленчуци.

Можеби не сте знаеле, но да, и мандарините можете да ги одгледате дома!

Еве што треба да направите:

Можете да купите семе, но можете да ги искористите и семките од купечките мандарини.

Одберете ги најголемите семки, исчистете ги од надворешната лушпа.

Прелијте ги со вода и оставете ги така 6-7 денови. Водата менувајте ја секој ден.

При потопувањето, семките се прекриваат со желатинеста кожичка, што е нормално. На дното од чашата ставете неколку каменчиња за да се созададе дренажа, а после чашата дополнете ја со земја.

Семчињата се ставаат во земјата со остриот крај надолу, оставајќи меѓу нив простор од околу 5 мм.

После тоа, семките се прекриваат со крупен песок или многу ситни камчиња.

Не заборавајте да ја прскате површината со вода на секои 2-3 дена. Можете да ја поклопите чашата со најлонска кеса или фолија, создавајќи на тој начин ефект на градина.

Продолжете да прскате со вода еднаш во два дена и на тој начин да го потпомогнете нивниот раст. За 7-8 денови треба да се појават првите никулци.

Летно време треба, мандираната треба да се тушира, да се ѓубри со храна за цитруси и по можност да се изнесе надвор на воздух. Кој има градина, може заедно со саксијата да ја вкопа на сончево место.

Зимно време мандарината сака светли и свежи простории, секако без мраз. Зимно време треба да се полева умерено, само колку да не се пресуши земјата. Ако опаднат листовите не треба да се грижите, бидејќи тоа е нормално.

Во пролет искастрете, а за кратко време ќе пораснат нови гранчиња и ќе се формира убава грмушеста крошна.

Loading...