Еурокрем црно-бел колач готов за 8 минути, ниту се вари, ниту се пече – се топи во уста

Рецепт и видео: Бригита Хусиќ
Многу вкусен колач со еурокрем кој се приготвува за многу кратко време.

Потребни состојки:

500 г маскарпоне сирење или друго несолено крем сирење
400 мл слатка павлака
160 г црн еурокрем
160 г бел еурокрем
360 петит кекси
чоколадни трошки за декорација

Постапка:

Слатката павлака треба да биде ладна од фрижидер, па убаво со миксер изматете ја со миксер додека да добиете цврст шлаг.

Loading...

Во слатаката павлака додадете 500 г крем сирење, па уште малку измиксајте за да се соединат и изедначат. Добиената смеса поделете ја на два дела.

Во едната половина додадете го белиот еурокрем и соединете со жица. Во другата половина додадете го темниот еурокрем, па и него соединете го со жица.

Калап со димензии 22х22 обложете го со хартија за печење или фолија, па наредете еден ред бисквити претходно кратко натопувани во вода, млеко, чоколадно млеко или сок – по ваш избор.

За еден ред потребни се 9 бисквити (3х3). Потоа нанесете половина од светлиот крем, распоредете и изедначете. Потоа наредете втор ред кекси.

Врз вториот ред кекси рамномерно распоредете половина од темниот крем. Израмнете, па повторно наредете кекси и повторете ја постапката. Одозгора наросете чоколадни трошки и колачот оставете го во фрижидер да излади. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото:

Loading...