За себе си своето семејство пригответе го овој лесен и вкусен ручек. Брз е и едноставен, без масло, а исклучително вкусен. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 тиквичка (300-350 г), 4-5 пиперки, 2 јајца, 200 г ситно сирење, 1 лажица кисела павлака (20% мм), 50 г сувомеснато по ваш избор, сол, црн пипер по вкус, 1 лажичка оригано и 70-100 г кашкавал.

ПОСТАПКА: Една тиквичка (300-350 г) убаво измијте ја и излупете ја, а потоа изрендајте ја. Посолете ја малку и оставете ја 10-тина минути да го отпушти сокот. Пиперките (4-5 парчиња) измијте ги убаво па пресечете ги надолжно на половина и исчистете ги од семките.

Во еден подлабок сад измешајте 2 јајца, 200 г ситно сирење, 1 лажица кисела павлака со повисок процент на млечни масти (20%), па убаво соединете. Ситно исечкајте 50-тина грама сувомеснато, но доколку не сакате, не е задолжително, па зачинете со црн пипер, оригано и ако е потребно посолете.

Доколку сирењето е солено, а и тиквичките се веќе солени, тогаш нема потреба од додавање на сол. Ренданите тиквички цедете ги убаво со раце и додавајте ги во приготвената смеса. Промешајте убаво да се соединат состојките.

Плехот во кој ќе се печат пиперките намастете го со малку масло, па наредете ги исечените пиперки. Потоа полнете ги со 2-3 лажици од приготвената смеса. Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, 20-тина минути.

После половина час извадете ги од рерна и наросете ги со 70-100 г рендан кашкавал. Може и без кашкавал, но вака се повкусни. Вратете ги во рерна да се допечат уште 10-15 минути или додека да заруменат. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.