Ролнички со суво грозје, меки како душа, мирисни и вкусни

Вкусни, меки како памук, мирисни…слатки ролнички со суво грозје.

Потребни состојки:

250 г сенаменско брашно (2 чаши)
1 лажичка инстант сув квасец
2 лажици шеќер
½ лажичка сол
1 големо јајце (одвојте околу една лажица за премачкување одозгора)
125 мл топло млеко (1/2 лажица)
½ чаша суво грозје
3 лажици несолен омекнат путер (42 г)
снегулки од бадем за одозгора

Постапка:

Во подлабок сад ставете 250 г сенаменско брашно, една лажичка сув квасец, 2 лажици шеќер, половина лажичка сол, едно поголемо јајце изматено (или две помали), 125 мл млако млеко, половина чаша суво грозје.

Loading...

Промешајте со лажица додека да се соединат состојките. Потоа додадете 3 лажици омекнат путер на собна температура (несолен) и мешајте 5 минути. Цело време се меша со лажица.

На крај ќе добиете меко и лепливо тесто. Покријте го со кеса и оставете го на собна температура да стасува еден час.

Потоа истресете го на набрашнета површина и само малку премесете го нежно (со помош на лопатка или раце) колку да се формира топка.

Потоа тестото поделете го на 8 еднакви делови. Од секој дел формирајте топче. Со помош на оклагија секое развлечете го овално. Краевите поклопете ги кон средината и спојте ги како писмо, а потоа здиплете уште еднаш (види ја постапката во видеото).

Вака формираните ролнички редете ги во плех обложен со хартија за печење, на доволно растејание, бидејќи во текот на печењето тие ќе пораснат.

Премачкјате ги одозгора со јајце (една лажица која ја одвоивте претходно) и наресете со снегулки од бадем (или по желба). Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20-25 минути, додека да добијат убава златна боја. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото:

Loading...