Прогласена епидемија на морбили во Дебар. Досега има 17 заболени, а викендот се регистрирани нови 4 сомнителни случаи. Мали сипаници добиле и двајца здравствени работници. Епидемиолозите се сомневаат дека вирусот во овој град бил увезен од Албанија. Сите заразени имале меѓусебен контакт.

-Забоелеле и мајката и таткото, а подоцна епидемијата се прошилила и кај други лица, заболеле и двајца здравствени работници кои работеле во амбуланта во овој град, изјави д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во ИЈЗ.

Повеќето од заболените се над 30 години и не биле целосно вакцинирани, а има и такви кои ги имале примено  и двете дози на МРП вакцината.

-Тие кои целосно ја примиле вакцината имаат полесна клиничка слика, додаде д-р Кузмановска.

Од Институтот за јавно здравје велат дека се превземаат мерки за да се спречи ширење на епидемијата. Се проверуваат вакциналните картони и со кого се контактирале заболените лица.  Годинава во Македонија се регистрирани 28 случаи со морбили. Покрај во Дебар, поединечни случаи има и во Скопје, Прилеп,Тетово и други градови.  Епидемија на мали сипаници има речиси во цела Европа. Во Србија и Албанија има и починати.

Инаку станува збор за сериозно заразно заболување кое многу брзо се шири и предизвикува сериозни здравствени компликации.

Извор: Сител