Овој хербален третман не само што помага да се спречи и да се стопира опаѓањето на косата, туку и го cтимyлиpа нејзиниот раст. Новата коса расте побрзо и многу е поздрава отколку порано. Билната мешавина ја хидрира и ја храни косата, така што таа не само што станува погуста, туку и многу поквалитетна.

За брзи и видливи резултати се препорачува овој третман да се применува трипати неделно. За овој хербален третман против опаѓање на косата ќе ви бидат потребни следните состојки:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 свежи гранчиња рузмарин, 1 парче ѓумбир (со величина на палец), 3 кесички зелен чај (или 3 супени лажици рефусен зелен чај од билна аптека), 1/4 чаша рицинусово масло и 1/2 чаша екстра девствено маслиново масло и 1 лист алое вера со средна величина.

Постапка: од поголемите гранки рузмарин со едно спротивно повлекување извлечете ги само зелените ливчиња и ставете ги во стаклената тегла. Оние помалите гранчиња со помеко гранче може да ги ставите цели.

Ѓумбирот исечкајте го на тенки лентички и исцепакјте го колку можете поситно. Кесичките зелен чај исечете ги, па содржината истурете ја во теглата. Алое вера листот без да го лупите исечкајте го на поситни коцкички, па и него додајте го.

Додајте го рицинусовото и маслиновото масло, па затворете ја теглата добро. Доколку ги немате овие две специфични  масла (кои се најдобри), може да користите масло од бадем, кокос или некое друго.

Во едно поголемо тенџере ставете вода да зоврие, па ставете ја теглата внатре и затворете го тенџерето со капак. Температурата намалете ја на умерено и оставете вака маслото да се загрева 15 минути.

По изминатото време внимателно извадете ја теглата. Ќе забележите дека маслото ја променило бојата. Вака приготвеното масло оставете го да отстои три дена на темно место, а потоа може да започнете со негова употреба.

Процедете го низ сито или газа и убаво истискајте ги билките . Добиеното лековито масло складирајте го во специјални шишенца со капалки, или какви имате. По можност треба да бидат нетранспарентни, а доколку немате такви, завиткајте ги во алуминиумска фолија.

УПОТРЕБА: Нанесувајте го ова масло трипати неделно на чиста коса, претходно измиена, започнувајќи од коренот, па сè до краевите. Добро вмасирајте го маслото во скалпот, а потоа завиткајте ја главата во специјална капа за бањање, или кеса, па пешкир.

Оставете вака да делува околу два часа. Потоа исплакнете ја косата и измијте ја со вашиот вообичаен шампон (по можност од коприва). Ќе забележите брзо подобрување на квалитетот на вашата коса. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.