Многу брзо и вкусно полнето печиво. Рецептот го пронајдов во еден стар Готвач, со тоа што направив многу мали измени. Овие мали „кифлички“ ги приготвувам со големо задоволство, а на моите деца и пријателите многу им се допаѓаат. Па така, од старт приготвувам двојна мера.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г свежо сирење (јас ставам зрнесто свежо сирење), 8 лажици млеко, 2 јајца, 10 лажици масло, 400 г брашно, 1 1/2 чесичка прашок за печиво, сол по вкус (јас ставам помалку, затоа што сирењето веќе е солено)
ЗА ФИЛ: 200 г рендан кашкавал, 150 г шунка исечкана на ленти, на коцки или рендана. И уште: малку полномасно млеко за премачкување одозгоеа.
ПОСТАПКА: Ако имате миксер за тесто, само ставете ги сите наведени состојки во длабокиот сад и вклучете го миксерот да ги соеднини состојките. Се микса само неколку минути. Доколку месите рачно, исто така месете само неколку минути, додека да добиете фино компактно тесто.
Ова тесто не треба да се остава да кисне, бидејќи не содржи квасец, па затоа истресете го на малку набрашнета работна површина, па со помош на оклагија развлечете кора со дебелина од 3-4 мм.
Сечете квадрати приближно 9 см големи. На квадратите редете рендан кашкавал и шунка, а доколку сакате можете да ствите и малку доматно пире или кечап, па ќе добиете вкусни „пица – печива“.
Виткајте ги во вид на валјаци и рабовите малку притиснете им ги. Печивата редете ги во плех обложен со хартија за печење, одозгора премечакјате ги со млеко, а кој сака може и со жолчка.
Исто така, по желба можете да наросите малку сусам или ким. Вака приготвените печива ставете ги во претходно загреана рерна на 200-220 степени и печете ги околу 10-15 минути.
Ренданиот кашкавал и шунка можете да ги замените и со листови тенко сечена шунка и кашкавал, па така ќе редите лист шунка, па врз него лист кашкавал. На овој начин ќе ги виткате во валјак. Испробано и проверено, многу вкусно. – Скусст / Сооlinarika.com