Едноставно прекрасно: ќофтиња во специјален сос

Ако сакате да ги восхитите вашите домашни со некое ново јадење, тогаш пробајте ги овие ќофтиња. Ако веќе сте ги правеле, тогаш повторете ги, едноставно, фантастични се!

Потребни состојки:

500 г мелено месо

400 г компир

1 поголема главица кромид

2 чешниња лук

1 јајце

сув зачин

малку црн пипер

магдонос

за сос:

2 полни лажици брашно

500 мл млеко

сол, 200 мл течна павлака за готвење – неутрална павлака

Постапка:

На ситно ренде изрендајте компир, кромид и лук.

Додадете го месото, сувиот зачин, магдоносот, малку црн пипер по вкус, па сето со рака измесете го.

Оставете да отстои додека маслото се загрева во тавче.

Со раце обликувајте поголеми ќофтиња, пржете ги од двете страни колку малку да заруменат, но да не се целосно испечени.

Редете ги ќофтињата во огноотпорен сад, ќе добиете околу 12 поголеми ќофтиња.

На маслото во кое се пржеа ќофтињата запржете го брашното, па долејте млеко и мешајте додека малку да згусне. Додадете и малку сол.

Сосот треба да биде како смеса за палачинки. Ако е прегусто додадете уште малку млеко.

Прелијте ги ќофтињата со бешамел сосот.

Одозгора прелијте со павлаката и наросете ситно сечкан магдонос.

Печете на 200 степени околу 30-40 минути.

Loading...