Едноставно, брзо, вкусно…

Потребни состојки:

4 варени јајца
Шунка, пршута, сланина, бело месо или нешто по ваш избор
2 лажици фета сирење
1 јајце
Кашкавал
Магдонос, сол, црн пипер
За похување: брашно, јајце и презла
Масло

Постапка:

Јајцата сварете ги. Кога ќе изладат изрендајте ги на крупно ренде.

Исто така, изрендајте ги шунката и кашкавалот, па додадете ги кај јајцата и промешајте.

Додадете фета сирење, зачини, ситно сечкан магдонос и едно јајце. Измесете добро за да се поврзат состојките.

Обликувајте топчиња па оставете ги во фрижидер половина час да се стегнат.

Похувајте ги во брашно, јајце и презла, па пржете ги во врело масло или наредете ги на плех обложен со хартија и печете ги во рерна наросени со малку масло и путер.